• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
За украинскиот амбасадор кај нас нема дилеми, Крим е окупиран од руската армии
Опубліковано 11 березня 2014 року о 17:27

Русија никогаш не се откажала од Крим. Москва денешните настани ги најави уште во 1993 година кога рускиот парламент донесе заклучок дека тие не ја признаваат одлуката за присоединувањето на Крим кон Украина од 1954 година. Денеска Русија сака да ја стави под контрола цела Украина и да си воспостави режим по нејзина мера, вели Јуриј Гончарук, украински амбасадор во Македонија.

За амбасадорот Гончарук нема никакви дилеми дека новата влада на Украина е легитимна. Еден од неговите аргументи за тоа е дека владата е признаена од САД, Канада, од ЕУ и од многу други европски земји.

-Таа е нелегитимна само за Русија. Русија сака да го врати режимот на пребеганиот претседател Јанукович. Русија сака да има целосна контрола над Украина.

Господине амбасадор, каква е денеска ситуацијата на Крим?

-Крим е окупиран од руската армија. Украинските армиски единици се целосно блокирани. Од украинските војници се бара да се предадат. Украинските војници се под притисок да земат руско државјанство. Нашата армија го одби рускиот ултиматум да се предаде. Според последните информации, Русија ги предупредила нашите војници дека ако до утре наутро не го предадат оружјето, тие ќе нападнат. Руската армија продолжува да се прераспределува на Крим. На паралелата Кавказ – Крим се концентрира голема руска воена техника. Премиерот на Русија Медведев дал наредба да се гради мост на Керчинскиот теснец, со што би се соединиле двата брега – на Крим и на руската територија. Русија се подготвува да го откине Крим од нашиот енергетски систем и се преземаат и други непријателски дејства.

-Зошто е толку важен тој мост на Керчинскиот теснец?

-Тој мост би бил единствената врска на Русија со полуостровот Крим. На Црно Море се трупаат разни бродови на Балтичката и на Северната руска флота. Руските ловци досега два пати го повредиле украинскиот воздушен простор. На источната граница на Украина се трупаат руски воени единици.

Колкава е украинската војска на Крим?

-Околу 15 илјади војници од пограничните единици, авијацијата и од морнарицата. Тие сега за сега само стојат и чекаат. Не провоцираат. Истовремено, Министерството за внатрешни работи на Украина јави дека ноќва се очекуваат провокации, дека ќе бидат убиени три-четири руски војници, за да се добие оправдување за ескалација на ситуацијата.

Сепак, ако на Крим живеат околу 60 % Руси, 25 % Украинци, 10 % Татари и ако мнозинството велат дека се загрозени од екстремистите...

-Последните истражувања на јавното мислење во Украина, спроведени од 8 до 18 февруари, покажуваат дека 41 отсто од населението на Крим го посакува присоединувањето кон Русија. На југоистокот од Украина, регионот што важи за исто така проруски расположен, само 26,3 % се за присоединување на Украина кон Русија. Во централна Украина тој процент е 10,5 %, во западниот дел 0,7%, а во Киев само 5,3% од граѓаните на главниот град го посакуваат обединувањето со Русија.

Сè почесто се прават споредбите на ситуацијата на Крим со Косово. Ако меѓународната заедница, под притисок на САД, ја дозволи независноста на Косово, тогаш зошто тоа не би го сторила и сега со Крим?

-На Косово ситуацијата беше сосема поинаква. Таму имаше сериозни нарушувања на човековите права на албанското население. Крим е автономна покраина во рамките на Украина со години. Таму со години јазикот за комуникација е рускиот. Крим има своја влада, свое собрание, свој премиер... Таму Русите практично ја имаа власта и немаше никакви проблеми. Но, Крим е очигледно болна точка за Русија. Рускиот парламент уште во 1993 година донесе заклучок дека тие не го признаваат присоединувањето на Крим кон Украина, одлука донесена уште во 1954 година од тогашниот претседател на СССР Хрушчов. Руската политика е доследна по ова прашање.

Какви се реакциите на меѓународната заедница? Што очекувате од нив?

-Тука сè е јасно. Сите ја осудуваат окупацијата на Крим од страна на руската армија. Како што знаете, токму поради ова се одложи и самитот на земјите-членки на Г8 во Сочи. Голем број амбасадори се отповикани од Москва. САД се готови да го разгледаат прашањето за воена помош на Украина. Советот за безбедност заседаваше. Меѓународната заедница и ММФ изразија подготвеност и за финансиска помош на Украина. Меркел изјави дека Путин се наоѓа во друга реалност. Обама и Камерон предупредија дека и Русија ќе сноси големи последици поради ова, дека ќе следуваат и економски санкции. Украинската војска е во воена готовност. Се разгледува и прашањето за затворање на границите. Државниот секретар на САД Џон Кери веќе утре се очекува да пристигне во Киев.

На Вашата последна средба со новинарите, пред ваквата ескалација на ситуацијата, изразивте незадоволство од начинот на известувањето на македонските медиуми за украинската криза. Каква е сега ситуацијата?

-Се води голема информативна војна против Украина. Се создава лажна слика за случувањата во земјата. На пример, лажни се информациите за наводните реки од бегалци на Украинци во Русија. Ова е очигледна манипулација. Затоа, уште еднаш им се обраќам на македонските медиуми со голема молба – внимавајте со информациите што доаѓаат од Русија. За таа цел, амбасадата на Украина во Скопје им стои на располагање на македонските медиуми. А од среда, 5 март, секој ден во 10 часот во канцелариите на амбасадата за македонските новинари ќе одржуваме редовен брифинг за тековните случувања во Украина. Знаете, таму од час во час се менуваат работите. Украина е обвинета за тоа што им биле нарушени правата на Русите и на оние што го зборуваат рускиот јазик. Тоа не е точно. Тоа е само формален повод за желбата на Русија да ја стави под контрола цела Украина и да си воспостави режим по нејзина мера.

Електронна газета "МКД", 11.03.2014, Гончарук Юрий Олексійович, Посол України в Республіці Македонія

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux