На 15 март Советот на националната безбедност и одбрана на Украина донесе одлука за времено запирање на размената на стоки од окупираните територии на Донбас. Донесувањето на таа одлука не е спонтано, туку напротив – изнудено и неизбежно.
Повод за тоа беа заканите од Русија и кршењето од Кремљ на договорите од Минск.
Во текот на последните недели од Руската Федерација се забележува свесно провоцирање на безбедносната ситуација во регионот. За намерното откажување на Русија од логиката на Минскиот мировен процес сведочи признавањето на територијата на Руската Федерација на псеудо-документите, издадени од лажни квазидржавни творби, таканаречените „ДНР/ЛНР", воведување во оптек на руската рубља на териториите на Украина што не се под контрола на Владата на Украина, експропријација на украински акти и заземање на украински претпријатија, чија вредност изнесува милијарди долари...
Заземањето на украинските претпријатија од руско-терористичките сили е нов елемент на хибридната војна на Русија против Украина и уште еден силен удар врз економијата на Украина. Споменатите претпријатија своевремено најдоа начин да останат на правното поле на Украина, плаќаа даноци во украинскиот буџет, вклучително и воен данок за поддршка на украинските вооружени сили, го поддржуваа вработувањето на стотици илјади граѓани на Украина кои живеат во Донбас, ја поткрепуваа металургијата која е еден од клучните извори на приходи за Украина.
Во тој поглед, за Украина немаше друг излез освен да ја запре размената на стоката од окупираните територии на Донбас.
Нагласувам дека одлуката на СНБО не е блокада, бидејќи се однесува на префрлување на судирот на производството на конфискованите стоки од руско-терористичките сили на украинските претпријатија. Ова ограничување не се однесува на префрлувањето на хуманитарната помош на украинските и меѓународните хуманитарни организации, на ООН, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а исто така и на движењето на цивилниот автосообраќај. Напротив, Владата на Украина има намера да отвори додатни премини на линијата на разграничувањето за олеснување на движењето на цивилите.
Украина трпи значителни загуби од донесувањето на таквата одлука – според прелиминарните проценки приближно 1,6% БДП или 1,3 милијарди евра. Сепак, Украина не може да си го дозволи тоа, ниту од морална, ни од правна гледна точка. Не може да дозволи финансирање на тероризмот преку профитот од нелегално одземените претпријатија.
Кабинетот на министрите на Украина сега разработува план на активности за обезбедување на безбедно и сигурно функционирање на енергетскиот и на металуршкиот комплекс на Украина, прави анализа за негативното влијание на „национализацијата“ врз економијата и буџетот на земјата и презема активности за нивно минимизирање.
Звучат цинично последните изјави на РФ за мотивите на заземањето на украинските претпријатија, кои, божем, се наоѓаа „на границата на банкротирањето“ и секако било неопходно да се преземе одговорност за судбината на претпријатијата. Според нивната погрешна логика, тоа што не е во ред, не е грев да се украде.
Одлуката на Украина е од привремен карактер и ќе биде укината веднаш штом Кремљ ги исполни безбедносните договорени прашања од Минск и да ги врати под украинска јурисдикција незаконски заземените претпријатија.