Портал в режимі тестування та наповнення
  • A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • mk
Стаття Посла України Наталії Задорожнюк щодо російської агресії та 5 роковин тимчасової окупації Криму.
Опубліковано 20 лютого 2019 року о 15:55

Украинскиот избор, руската агресија, окупацијата на Крим

Со победата на Револуцијата на Достоинството сите многугодишни напори на Русија за хибридно-притаено совладување на Украина и нејзино претворање во своја држава-сателит, со раководен претседател и марионетска влада, претрпеа неуспех. Сепак, свршениот факт на тоа дека Украина застана на патот на излезот од околумосковската цивилизациска орбита, претседателот на Руската Федерација (РФ) В. Путин, како и рускиот државно-политички естаблишмент, не само што одбиваше да признае, туку и не беше способен (поради сопствената одземеност во погледот на свет) да го осознае како нова геополитичка реалност. Тој ја сфати како лична навреда и сопствен пораз и истовремено, како предизвик на самата Русија, како закана на нејзиното идно постоење не само од неоимпериската перспектива, туку и со оглед на опасноста од претворањето на нејзината мегасубјективност во историска ретроспектива.

Руската Федерација не можеше да се помири не само со својот геополитички пораз во борбата за потчинување на Украина, туку и со самото нејзино постоење како држава. Исто така, Кремљ реши да примени во борбата со Украина не само сите јавни и прикриени методи на водење хибридна војна, туку и директно вооружено мешање во нејзините внатрешни работи.

Окупацијата на Кримскиот полуостров од армијата на Руската Федерација почна на 20 февруари 2014 година.

На овој ден во Киев се случуваа судбоносните настани на украинската историја. По стрелањето на Небесните сто и повлекувањето на безбедносните сили од главниот град режимот на Јанукович почна брзо да губи власт. Сфаќајќи дека сценариото за заземање на Украина со рацете на Јанукович е уништено, претседателот Путин дава наредба да започне инвазијата на вооружените групи на Крим.

Изутрината, на 24 февруари 2014 год., Русија почна да ги префрла „специјалните сили“ во Севастопол. Овие автоматчии без препознатливи знаци, во камуфлажа и маски, новинарите остроумно ги нарекоа „зелени човечиња“ како вонземјаните, како се чини дека се, но официјално ги нема. Под јавно измислен повод на заштита на рускојазичното население на полуостровот, Државната Дума му дозволи на В. Путин да воведе војска на територијата на Украина. Прекршувајќи ја спогодбата за базирањето на ЦФ на Рустата Федерација на Крим, Кремљ започна да го префрла на полуостровот додатниот контингент на нивните војски со оклопни возила. За тоа, освен бродовите на ЦФ, се користеа големи десантни бродови од составот на Балтичката и Северната флота на Русија, однапред насочени од северните мориња и Балтикот кон Црното Море. На 26 февруари таму пристигнаа првите два – „Калининград“ и „Минск“.

Русија е држава-окупатор

Во окупацијата зедоа учество, непосредно, 31-та посебна гардиска десантно-напаѓачка бригада на воздухопловно-десантните војски, 45-от посебен гвардиски полк за специјална намена на ВДВ на Вооружените сили на РФ, 18-та посебна гвардиска моторизирана стрелачка бригада, 58-та армија на Јужниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација, 98-та гвардиска воздушно-десантна дивизија на ВДВ, 76-та гвардиска десантно-напаѓачка дивизија на ВДВ на РФ, 15-та посебна гвардиска моторизирана стрелачка бригада на миротворните сили на Руската Федерација.

На руската инвазија ѝ претходеше активна пропагандистичка кампања, саботажи и разузнавачка активност.

Треба да се подвлече и друг аспект на активностите на Русите на Крим за тогашните настани – цинично-неморален. Така, на пример, кога на 20 март, кршејќи ја со булдожер оградата, руските напаѓачи штурмовики, навлегоа во сместувањето на базата на ВМС на Украина во Новоозерне. Тие заради сопственото покривање напред ги пуштија жените и децата! Веќе зад нивните грбови одеа артилерците со автомати. Такво недостоинство беше тактиката на „ослободителите“.

До 26 март окупаторите ги зазедоа сите 193 дислоцирани на територијата на АР Крим воени единици на ВС на Украина, вклучувајќи ги бродовите и објектите на ВМС на Украина. Вредноста на воениот имот, оставен на Крим, се проценува на 11,439 милијарди американски долари.

Целата меѓународна заедница застана на страната на Украина.

Меѓународниот кривичен суд (Хаг, Холандија) ја оквалификува руската инвазија на Крим како меѓународен вооружен конфликт меѓу Украина и РФ. Сите дејствија на агресорот на заземената територија се проучуваат како злосторства против човештвото.

Генералното Собрание на ООН ја одобри резолуцијата за човековите права на Крим. Во неа Русија е наречена држава-окупатор и забележано е меѓународното непризнавање на анексијата на полуостровот. Соодветната одлука за време на гласањето ја поддржаа 73 земји (23 беа против). Тоа е прв пат во документите на ООН Русија да се нарекува држава-окупатор, а АР Крим и градот Севастопол времено окупирана територија. Една од земјите, што ја поддржаа оваа исклучително важна резолуција во смисла на меѓународното право, беше Македонија.

Освен тоа, Македонија не само што ја поддржа, туку и стана коавтор на украинската резолуција „Прашањето на милитаризацијата на Крим и на градот Севастопол (Украина), како и на деловите на Црното и на Азовското Море“ (на 17 декември 2018 год.), Скопје, исто така, ја поддржа резолуцијата на ГС на ООН „Ситуацијата со човековите права во Автономната Република Крим и градот Севастопол, Украина“ (на 22 декември 2018 год.).

Санкциите против Русија не само што продолжуваат, туку се засилуваат.

Украина ја брани Европа

Што донесе „рускиот свет“ на Крим? Забрана на слобода на говорот, „исцедување“ на бизнисот, бројни пребарувања кај активистите, убиства, киднапирање, исчезнување на луѓе. Од Извештајот на Управата на Врховниот комесар на ООН за човекови права, цитирам: „На Крим Владата на Руската Федерација како на окупаторска држава продолжи да ги крши своите обврски, предвидени со меѓународното хуманитарно право, во однос на човековите права и основните слободи, пред сѐ, преку дискриминаторската практика и ретроактивната примена на законите на окупаторската држава кои го нарушуваат човековото право на домување, слобода на вероисповед, слобода на говорот и слобода на здружување“.

Сепак, за Руската Федерација меѓународното право не постои. Таа не реагира ни на повиците на меѓународната заедница за обезбедување непречен пристап на меѓународните мисии за следење на човековите права и невладините организации за заштита на човековите права на Крим.

Рускиот социолог, активист за човекови права, доктор на политички науки, претседател на управата на експертската група „Сова“, Михајло Сава, смета дека Русија си постави за цел да го колонизира Крим. Стратегијата на режимот на Путин лежи во унификацијата. Сите треба да бидат максимално слични, за полесно да се раководи во ситуација, кога режимот не може ефикасно да управува.

Незаконската анексија и времената окупација на Крим стана прв дел од вооружениот конфликт меѓу Русија и Украина. Следна етапа стана војната на истокот на Украина, во која украинските војници активно се спротиставуваат на руските војски, марионетските терористички групи на ЛНР и ДНР, на руските единици за саботажа.

Руската Федерација, започнувајќи ја перфидната војна против Украина пред сето човештво се жигоса како држава-агресор и како земја-завојувач, а нејзиното политичко раководство конечно се покажа себеси како група меѓународни криминалци и спонзори на светскиот тероризам.

Неспособна со економски, политичко-дипломатски пат да ја оствари глобалната конкуренција, официјалната Москва, создавајќи ја доктрината на „рускиот свет“, се зафати со уништување на светскиот поредок. Сведоштво на тоа е дискредитацијата на практично сите институти на меѓународната безбедност, игнорирањето на спогодбите, кои беа основа за пост-биполарниот свет: отфрлање на принципите на Завршниот акт, потпишан во Хелсинки во 1975 год.; преглед на границите на континентот; неприфаќање на проширувањето на НАТО и ЕУ, поттикнување на радикалните проруски партии во Централна и Западна Европа; грубо кршење на над 300 меѓународни договори и конвенции, Статутот на ООН и меморандумот од Будимпешта 1994 година и т.н.

Руско-украинската војна излегува од рамките на билатерален конфликт и покажува во себе јасни знаци на општа криза на светскиот систем на безбедност, што веќе води до синџир на глобални промени од планетарно значење: се менуваат не само границите и системите на власта во Украина и  во Русија, поставен е почетокот на масовната трансформација на европскиот простор, трпат промени утврдените правила на политичкиот поглед на свет и меѓусебните односи, започна преглед на основите на светскиот безбедносен систем.

Денешната власт на РФ тежнее да приреди ситуација на светски хаос, во кој ќе воспостави нов поредок врз свои права и услови. Оттука, сценаријата за воспоставување нов светски поредок зависат од резултатите на руско-украинската војна.

Русија е агресор, а нејзините дејствија вклучуваат како традиционални воени методи, вклучувајќи заземање територии и нивна официјална анексија (Украина, Грузија, Молдавија), така и нетрадиционални – во политичката, економската, информативната сфера, тероризам, што овозможува да се види во сето ова класична хибридна агресија.

Меѓутоа, ниту Кремљ, ниту Путин, несомнено, не очекуваа таков отпор од украинското општество. Патот до победата во оваа војна на западната цивилизација и московскиот агресор несомнено поминува преку победата во Украина.

Вонредно важно, за Украина заедно со цивилизираниот свет, да стои како единствен фронт во борбата со агресијата на Кремљ и обидите за уништување на демократските вредности.

Ако ние и понатаму се држиме за овој приод – ние ќе обезбедиме долгорочен мир и стабилност и во Украина и во Европа.

Украина го брани не само својот територијален интегритет и суверенитет, таа ја брани слободата и демократијата на сета Европа и сиот свет.

Доналд Туск, претседател на Европскиот совет (19.02.2019) рече: „Само тој, кој е солидарен со Украина, има право да се нарекува Eвропеец. Кој е подготвен да ја продаде Украина – ја продава иднината на Европа“.

(Наталија Задорожњук е амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија)

https://plusinfo.mk/%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE/

,

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux