Коментар на МНР за Законот на Украина „За обезбедување на функционирање на украинскиот јазик како државен”
Министерството за надворешни работи го поздравува донесувањето од Врховната Рада на Украина на Законот на Украина „За обезбедување на функционирање на украинскиот јазик како државен”, со кој е одреден статусот на украинскиот јазик како единствен државен јазик и предвидено е нејзино обавезно користење на целата територија на Украина.
Законот го регулира начинот на функционирањето и применувањето на украинскиот јазик како државен во сферите на општествениот живот на целата територија на Украина. Украинскиот јазик треба да се користи од органите на државната власт и органите на локалната самоуптава, а исто така во другите јавни сфери на општествениот живот. Законот исто так аги одредува лицата кои се обврзани да го владеат државниот јазик и да го применуваат за време на извршувањето на службените обврски.
Согласно Законот секој граѓанин на Украина обврзан е да го владее државниот јазик како јазик на своето државјанство. Државата му обезбедува на секој државјанин на Украина можност за совладување на државниот јазик.
Украинскиот јазик како единствен државен јазик ги извршува функциите на јазикот на меѓуетничкото комуницирање, е гранција за заштита на човековите права засекој украински граѓанин независно од неговото етничко поекло.
Законот не се однесува на сферата на приватното комуницирање и остварување на верските обреди. Законот не ги ограничува правата на националните малцинства и домородните народи. Особеностите на употребата на јазиците на националните малцинства и домородните народи ќе бидат утврдени со посебен закон согласно обврските на Украина согласно Европската повелба за регионалните јазици и јазиците на националните малцинства.
Во извршување на препораките на Венецијанската комисија Законот предвидува пролонгирање на преодниот период за примена на одредбите на Законот на Украина „За образование” за националните малцинства кои учат на официјалните јазици на Европската Унија.
Потсетуваме и инсистираме – никој нема право да посегне по државниот јазик – неодвоив дел на државноста на Украина која денес украинскиот народ ја брани по цена на животот на своите најдобри синови и ќерки.
Ние сме Украина и нашиот државен јазик е украинскиот!