Амбасадата на Украина по повод празникот Илинден, на 2 август, положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен во Крушево, а исто така на Споменикот на паднатите борци од НОБ, и оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.
Честит Илинден!