Последната сабота од ноември, Украинците и прогресивниот свет го почитуваат споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, можете ли да ни раскажете малку повеќе за Гладоморот во Украина од 1932-1933 година?
Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на комунистичкото раководство за создавање на вештачки глад во Украина во 1932-1933 година, како резултат на кој загинаа милиони луѓе.
На сталинистичкиот режим му беше потребно конечно да „да се вкорени“ на украинско тло.
Покорувањето со глад е сигурен инструмент за терор и убиство. Искоренување на општествените основи на независноста, украинската државна мисла и ограничување на кое било изразување на волја за слободата на развој на украинската нација беа главните цели на тоталитарниот режим.
За да разберете дека Гладоморот од 1932-1933 година во Украина беше една од компонентите на советската крвава машинерија, доволно е да го прочитате говорот од 1953 год. (подоцна статија) на светски познатиот адвокат Рафаел Лемкин насловен „Советскиот геноцид во Украина“, кој како еден од првите експерти во областа на меѓународното право направи анализа на злосторствата на сталинистичкиот режим врз Украинците, ги наведе главните „чекори“ на систематското уништување на украинската нација:
чекор бр. 1- ударот беше насочен кон интелигенцијата - мозокот на нацијата, за да се парализира остатокот од организмот – 1920 год., 1926 год., 1930-1933 год. - беа убиени или затворани и депортирани наставници, писатели, уметници, политички личности;
чекор бр. 2 - напад на украинската црква - душата на нацијата, свештениците и високото свештенство беа или застрелани или затворени; беше ликвидирана Украинската Автокефална Православна црква;
чекор бр. 3 – гладувањето беше насочено кон земјоделците; оружјето што беше употребено против нив беше гладот;
чекор бр. 4 - на позадината на сите процеси беше фрагментацијата на украинскиот народ по пат на населување на туѓинци во Украина и дисперзија на Украинците низ Источна Европа, уништувајќи го на тој начин етничкото единство.
Нема што да се додаде - систематско истребување на украинската нација.
Кои механизми ги користел комунистичкиот режим за време на Гладоморот од 1932-1933 година?
Гладоморот од 1932-1933 година, бидејќи по својата природа беше инструмент и механизам насочен кон истребување на украинската нација, безусловно беше спроведен преку употреба на методи-механизми: насилна „колективизација“ (обединување на индивидуални приватни фарми во колективни фарми во државна сопственост); водење на „црни табли“ - внесување во регистарот на оние што не предале леб, согласно „барањата“ на програмите за државни набавки; престанок на која било трговија; одземање на храната како начин на казнување; на насилен начин одземање на производи, како и семиња; конфискација на целиот имот; сталинистички логори; осудување на смрт со стрелање.
Гладоморот беше јасно испланирана политика на Кремљ во 1932 година со цел да ги потисне масовните украински протести, да истреби дел од украинската национална група, да ги заплаши другите, да ја „вметне“ Украина во тоталитарната машина на СССР.
Поминаа 90 години - Москва сè уште употребува слични методи.
Само сетете се дека на 29 октомври 2022 година, РФ објави дека го прекинува учеството во „Договорот за жито“. Блокирањето на „Договорот за жито“ е намерата на Кремљ да ја врати заканата од глад од големи размери во Африка и Азија, како и напаѓачките планови на РФ самата да снабдува со жито украдено од Украина.
Од 1 август 2022 година, 430 бродови извезле 10 милиони тони украинска храна во земјите во Африка, Азија и Европа. Во октомври 2022 година, обемот на извозот би можел да биде 30%-40% поголем доколку Русија вештачки не ги блокираше инспекциите во Босфорот. Од втори ноември РФ го продолжи своето учество во Договорот, но со овој чекор државата агресор повторно покажа дека преобразувањето на храната во оружје е стар крвав метод на Кремљ.
Во 1932 година беше формиран комунистички репресивен апарат, чија задача беше да ја конфискува целата храна - не само житото. Специјално обучени единици на полицијата и специјалните служби одземале се што можело да се изеде. Украинските села беа опколени, сите резерви на храна беа одземени, извозот и увозот на стоки беше забранет, луѓето не беа пуштени да излезат, а сите излезни патишта беа блокирани. Милиони луѓе останаа во гладна стапица. Настана целосна смртоносна изолација.
Каква беше географијата на вештачкиот глад и колкав беше бројот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година?
Најжестоките репресивни мерки, кои доведоа до вештачки глад, беа применети во Украина и во Кубан, кој беше дел од РСФСР. Според пописот од 1926 година, во Кубан живееле 1 милион 412 илјади Украинци - ова е 75% од тогашното население - со украински јазик и украински традиции и култура. Најголем број Украинци беа измачувани со глад во Харкивската, Кијивската, Полтавската, Сумската, Черкаската, Днипропетровската, Житомирската, Виницката, Чернигивската, Одеската област.
По престанокот на репресивните мерки за создавање на вештачки глад во втората половина на 1933 година, сталинистичкиот режим одлучи да ги насели изумрените украински села претежно со Руси.
Досега нема тоен број на жртви од Гладоморот. Се работи за повеќемилионски жртви на криминалот на Кремљ. Од самиот почеток, раководството на Кремљ го криеше обемот на ова страшно злосторство - беше забрането да се наведе причината за смртта, а кога стапката на смртност го достигна својот врв - мртвите беа закопувани во масовни гробници, само во дворовите, без било каква регистрација.
Ви звучи познато?
Поминаа 90 години - и повторно гледаме масовни погребувања на измачени Украинци - Ирпин, Буча, Лиман, Изјум, Макарив - современите руски убијци на земјата-членка на Советот за безбедност на ОН се заразени од истата „болест“ како нивните предци - омраза кон Украинците.
Првите извештаи за бројот на жртвите на Гладоморот почнале да се појавуваат во западниот печат, иако новинарите имале многу ограничен пристап до тие територии, информации доаѓале и од странски дипломати кои во тоа време работеле во СССР.
На пример, во извештајот на Конзулатот на Германија во Кијив од 15 јануари 1934 година, беше забележано: „Состојбата на украинското прашање оваа година, исто така, може да се оцени само во контекст на масовен глад. Поради оваа катастрофа, за која народот ја смета за одговорна политиката на Москва, природно се продлабочи долгогодишната бездна меѓу Украинците, поборници на независноста, и централизмот на Москва. Карактеристично за расположението на населението е прилично распространетото мислење дека советската влада намерно го засилила гладот за да ги натера Украинците да паднат на колена. Во германската архива исто така постои и документ наречен „Дали Украина е украинска“, составен во мај 1936 година. Меѓу другото, во него се вели: „Украинската Украина беше уништена. Од повеќе од 30 милиони жители, според груби проценки, една петтина, односно 6 милиони луѓе, умреле од глад. Денес народот е толку слаб што нема да може да го издржи последниот удар на московскиот централизам...“
Во извештајот на Конзулатот на Италија во Харкив, во мај 1933 година, меѓу другото беше забележано дека „политиката на московската влада има за цел за неколку месеци да го елиминира украинскиот проблем со жртвување на 10 или 15 милиони души. И оваа бројка не треба да изгледа претерана... таа е веројатно достигната, а веројатно и надмината... сегашната катастрофа ќе предизвика колонизација на Украина од претежно руско население. Ова ќе ја промени нејзината етнографска природа“.
Вистината за Гладоморот ја откриваа, пред сè, британските и американските новинари - Герет Џонс, Малком Магериџ, Вилијам Хенри Чембрлен. Приказната за Герет Џонс, кој го ризикуваше својот живот со раскажување на вистината за масовното гладување, делумно е покажана во филмот „Цената на вистината“. Но, оној кој зборувал, пишувал, раскажувал за Гладоморот станувал мета на КГБ.
Дури и по отворањето на претходно затворените архиви, останува отворено прашањето за утврдување на бројот на жртвите од Гладоморот. Тешкотиите во пресметките не треба да доведат до политичка манипулација. Милиони и милиони луѓе беа мачени, изгладнети до смрт. За да се квалификува злосторството геноцид, останува клучна намерата да се уништи одредена група луѓе - во нашиот случај - луѓе кои припаѓале на украинската нација.
Зошто го сметате Гладоморот од 1932-1933 година во Украина за геноцид?
Во 2006 година, Парламентот на Украина го усвои Законот на Украина „За Гладоморот од 1932-1933 година во Украина“, со кој Гладоморот од 1932-1933 година беше признаен како геноцид.
Во јануари 2010 година, Апелациониот суд на градот Кијив донесе уредба за кривична постапка за фактот на вршење геноцид во Украина во 1932-1933 година.
Судбоносен настан беше создавањето во 1984 година, врз основа на одлуката на Сенатот и Претставничкиот дом на САД, на Комисијата за Гладоморот во Украина од 1932-1933 година, чија работа беше предводена од д-р Џејмс Мејс. Комисијата собираше информации за Гладоморот, ги слушаше и запишуваше сведоштвата на оние кои успеаја да преживеат, ги анализираше причините и последиците од Гладоморот за Украина. По двегодишниот мандат, Комисијата ја заврши својата работа и во 1988 година поднесе извештај од две илјади страници, но исто така беа објавени и заклучоците на Комисијата, вклучително: жртвите на украинскиот Гладомор броеја милиони луѓе; Гладоморот не беше, како што често се тврдеше, поради сушата; Гладоморот во Украина во 1932-1933 година беше резултат на максималната конфискација на земјоделските производи од селското население; беа преземени мерки за да се спречи преселувањето на гладните во региони каде што беше достапна храна; веќе на крајот на 1932 година, Сталин знаеше дека луѓето во Украина умираат од глад; Сталин и неговото опкружување извршија геноцид врз Украинците во 1932-1933 година.
Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година ги вклучува во списокот како групите кои се предмет на геноцид, така и геноцидните акти насочени против овие групи: убивање членови на таква група; предизвикување сериозни телесни повреди или ментални нарушувања на членовите на таквата група; намерно создавање услови за живот за таква група кои се дизајнирани за нејзино целосно или делумно уништување; мерки наменети за целосно или делумно спречување на раѓање на деца во средината на таква група; присилно префрлање на деца од таква човечка група во друга.
Жртви на вештачки организираниот геноцид во Украина во 1932-1933 година беа Украинците токму поради нивната припадност на украинската нација. Гладоморот стана казнен геноцид за украинската национална преродба на сопствена територија. Оние кои го извршија Гладоморот од 1932-1933 година останаа неказнети.
Со организирање на вештачки глад, Сталин и неговиот апарат имаа за цел да ја истребат украинската национална група, како таква која дава најжесток отпор, со оглед на тоа дека не ги прифаќа политиките на комунистичкиот режим.
Гладоморот од 1932-1933 година во Украина на национално ниво беше признат како злосторство геноцид, постои правна основа - одлуката на Апелациониот суд во Кијив за осудување на сталинистичкиот тоталитарен режим како злосторен.
За Украина е важно светската јавност да ја препознае геноцидната природа на Гладоморот во Украина од 1932-1933 година.
Кои држави го признаа Гладоморот во Украина од 1932-1933 година како геноцид? И зошто е тоа важно за Украина?
Украина високо ја цени поддршката на меѓународната заедница во осудата на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина.
На парламентарно ниво, Гладоморот беше признат како геноцид врз украинскиот народ од 16 земји во светот - Австралија, Грузија, Република Еквадор, Република Естонија, Канада, Република Колумбија, Република Латвија, Република Литванија, Обединети Мексикански Држави, Република Парагвај, Република Перу, Република Португалија, Република Полска, САД, Унгарија и Чешката Република; исто така признание има на регионално и општинско ниво - 9 земји - Австралија, Аргентина, Бразил, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Кралството Шпанија, Италијанската Република, Канада, Португалската Република и САД.
Тоа е важно затоа што геноцидот на украинската нација сега го продолжува државата агресор-терорист РФ.
Професорот од Универзитетот Јеил, Тимоти Снајдер, во својот неодамнешен говор (21 октомври 2022 година) на конференцијата во Берлин „Меѓународното право против геноцидот“, изрази шест знаци кои докажуваат намера за вршење на геноцид: 1) опишување на државата како „не-држава“; 2) за уништување на одредена општествена група, да се нарекува народот не-народ, нацијата не-нација; 3) негирање на фактот дека ова лице е човечко суштество; 4) луѓето го негираат претходниот геноцид; 5) спроведување на таканаречената „замена“ - кога една нација смета дека може да дојде и да ја земе територијата на друга нација; Професорот Т. Снајдер го нарече шестиот знак „показател за постмодерност“ - кога другите луѓе гледаат толку многу докази за злосторството геноцид што се сомневаат дека тоа е геноцид.
Во оваа војна, целта на РФ е уништување на украинскиот народ. Сите јавни изјави на претседателот на РФ и функционерите на оваа држава сведочат за политиката на државата-агресор Русија во однос на непризнавањето на правото на украинскиот народ на самоидентификација и самоопределување.
Вооружените сили на РФ го уништуваат цивилното население на Украина, убивајќи, мачејќи, нанесувајќи тешки телесни повреди, а исто така, тие вршат и насилно пренесување на украински деца во РФ.
Се случува намерно уништување на живеалишта, болници, училишта, енергетска цивилна инфраструктура. Се случува блокада на украинските градови од страна на руските окупаторски сили.
Физичко, психичко насилство, уништување - дејствија на РФ кои се насочени кон истребување на Украинците.
Сето ова во целина е геноцид на РФ врз украинскиот народ.
За казнување на сите овие злосторства, Украина всушност се обрати до државите да се приклучат кон создавање на Специјален Меѓународен Трибунал. За ова ќе биде потребно извесно време, но државите веќе можат да ги признаат постапките на РФ како геноцид.
Овие злосторства на РФ се толку многубројни што луѓето не можат а да не ги видат, можат само да се свртат на страна за да не ги извртува од болка.
***
Останню суботу листопада українці і прогресивний світ вшановують пам’ять жертв Голодомору 1932-1933 р. в Україні, чи можете Ви розказати більше про Голодомор в Україні 1932-1933?
Голодомор – це геноцид українського народу, який було спричинено навмисно організованими діями комуністичного керівництва щодо створення штучного голоду у 1932-1933 в Україні, у результаті якого загинули мільйони людей.
Сталінському режиму потрібно було остаточно «вкорінитися» на українських теренах.
Упокорення голодом – безпрограшний інструмент терору та вбивства. Викорінити соціальні основи незалежності, української державницької думки, приборкати будь-яке волевиявлення до свободи розвитку української нації було основними цілями тоталітарного режиму.
Щоб зрозуміти, що Голодомор 1932-1933 років в Україні був однією з складових радянської кривавої машинерії, можна звернутися до промови (1953 рік) всесвітньо відомого юриста Рафаеля Лемкіна „Радянський геноцид в Україні“ (пізніше статті), який одним з перших фахівців у галузі міжнародного права зробив аналіз злочинів сталінського режиму проти українців, назвав головні “кроки” системного знищення української нації.
Які головні «кроки» радянського геноциду в Україні?
Процитуємо їх коротко:
перший - удар було спрямовано на інтелігенцію – мозок нації, щоб паралізувати решту організму – 1920 р., 1926 р., 1930-1933 – вбито або ув’язнено і депортовано вчителів, письменників, митців, політичних діячів;
другий - наступ на українську церкву – душу нації, священників і вище духовенство або розстріляно, або ув’язнено; ліквідовано Українську Автокефальну Православну церкву;
третій – виморювання голодом було спрямовано на хліборобів; зброя, що була застосована проти них – голод;
четвертий - на фоні всіх процесів була фрагментація Українського народу шляхом поселення в Україну чужинців і розпорошення українців по цілій східній Європі, таким чином, була знищена етнічна єдність.
Додати нема чого – системне винищення української нації.
Які механізми було застосовано комуністичним режимом під час Голодомору 1932-1933 років?
Голодомор 1932-1933 років, будучи за своєю сутністю інструментом і механізмом, спрямованим на винищення української нації, безумовно реалізовувався через застосування методів-механізмів: насильницька «колгоспизація»; ведення «чорних дошок» - занесення до реєстру тих, хто не здавав хліб, відповідно до «вимог» державних заготівельних програм; припинення будь-якої торгівлі; штрафи у вигляді їжі; у насильницькій спосіб відбирання продуктів, а також насіння; конфіскація усього майна; сталінські табори; розстріли.
Голодомор був чітко спланованою політикою Кремля у 1932 р, щоб придушити масові українські протести, винищити частину української національної групи, іншу - залякати, “вмонтувати” Україну у тоталітарну машину СРСР.
Це все в минулому. Що змінилося?
Минуло 90 років – подібні методи залишаються на озброєнні у Москви.
Маю на увазі, що 29.10.2022 РФ повідомила, що припиняє участь у „Зерновій Угоді“. Блокада „Зернової Угоди“ – це намір Кремля повернути загрозу масштабного голоду для Африки та Азії, а також загарбницькі плани РФ самій постачати вкрадене в України зерно.
З Першого серпня 2022 р. 430 суден експортували 10 млн. тон українського продовольства до країн Африки, Азії та Європи. У жовтні 2022 обсяги експорту могли б бути вищими на 30%-40%, якби Росія штучно не блокувала інспекції у Босфорі. З другого листопада РФ відновила участь в Угоді, але перетворення продовольства на зброю – старі криваві методи кремля.
У 1932 році було сформовано комуністичний репресивний апарат, завданням якого було конфіскувати все продовольство – не лише зерно. Спеціально навчені загони міліції і спецслужб забирали все їстівне. Українські села оточували, вивозили всі запаси їжі, забороняли вивезення і ввезення товарів, людей не випускали, блокували всі дороги на виїзд. У голодній пастці залишилися мільйони людей. Настала повна смертоносна ізоляція.
Якою була географія штучного голоду та яка кількість жертв Голодомору 1932-1933 років?
Найжорстокіші репресивні заходи, що призвели до штучного голоду, були застосовані в Україні і на Кубані, що входила до складу РРФСР, і за переписом населення 1926 р. на Кубані проживало 1 млн. 412 тис. українців – це 75% тодішнього населення – з українською мовою та українськими традиціями та культурою. Найбільше українців було закатовано голодом в Харківській, Київській, Полтавській, Сумській, Черкаській, Дніпропетровській, Житомирській, Винницькій, Чернігівській, Одеській областях.
Після припинення у другій половині 1933 р. репресивних заходів зі створення штучного голоду, сталінський режим прийняв рішення заселити вимерлі українські села переважно росіянами.
На сьогодні не існує точної цифри жертв Голодомору. Ми говоримо про багатомільйонні жертви кремлівського злочину. Кремлівське керівництво з самого початку приховувало масштаби цього жахливого злочину – було заборонено зазначати причину смерті, а коли смертність досягла піку – померлих ховали у братських могилах, просто на подвір’ях, без будь-якої реєстрації.
Минуло 90 років – і знову масові поховання закатованих українців – Ірпінь, Буча, Лиман, Ізюм, Макарів – сучасні російські вбивці держави-членкині Ради Безпеки ООН уражені тією ж „заразою“ – ненавистю до українців.
Дійсно, те, що ви описуєте, нагадує поточну ситуацію, особливо після масштабної російської агресії проти України. Але як тодішній світ дізнався про Голодомор?
Перші повідомлення про кількість жертв Голодомору почали з’являтися у західній пресі, хоча журналісти мали дуже обмежений в’їзд саме на ті території, також надходила інформація від іноземних дипломатів, які працювали тоді у СРСР.
Наприклад, у звіті Консульства Німеччини у Києві від 15.01.1934 р. зазначалося: „Стан українського питання цього року можна оцінити також лише у контексті масового голоду. Через цю катастрофу, відповідальною за яку народ вважає московську політику, давня прірва між українцями – поборниками самостійності та московським централізмом, природно, поглибилися. Прикметною для настроїв населення є досить поширена думка, що радянський уряд навмисно посилював голод, щоб примусити українців упасти навколішки. Є у німецькому архіві також документ „Чи є Україна українською“, складений у травні 1936 року, зокрема у ньому зазначено: „Українська Україна була знищена. Від понад 30 млн. її населення, за приблизними підрахунками, п’ята частина, тобто 6 млн., померли голодною смертю. Нині народ настільки слабкий, що не зможе встояти перед останнім ударом московського централізму...“
У звіті Консульства Італії у Харкові, у травні 1933 р., серед іншого зазначалося, що „політика московського уряду має на меті за кілька місяців ліквідувати українську проблему, пожертвувавши 10 чи 15 мільйонів душ. І ця цифра не повинна здаватися перебільшеною... її, мабуть досягнуто, і мабуть перевищено... теперішня катастрофа спричинить колонізацію України переважно російським населенням. Це змінить її етнографічну природу.“
Правду про Голодомор відкривали, у першу чергу, британські та американські журналісті – Гарет Джонс, Малколм Магерідж, Віліям Генрі Чемберлен. Історія Гарета Джонса, який ризикував своїм життям, доносячи правду про масовий голод, частково відображена у фільмі „Ціна правди“. Але той, хто говорив, писав, переказував про Голодомор, ставав мішенню для КГБ.
Навіть після відкриття раніше закритих архівів питання визначення числа жертв Голодомору залишається відкритим. Труднощі у підрахунках не має призводити до політичних маніпуляцій. Закатовано, вбито голодом мільйони і мільйони людей. Для кваліфікації злочину геноциду ключовим залишається намір знищити певну групу людей – у нашому випадку – людей, які належали до української нації.
Яким чином, з юридичної точки зору, Голодомор 1932-1933 років в Україні визначається та трактується як геноцид?
У 2006 р. Парламентом України було ухвалено Закон України „Про Голодомор 1932-1933 років в Україні“, яким визнано Голодомор 1932-1933 геноцидом.
У січні 2010 р. Апеляційний суд міста Києва виніс постанову у кримінальній справі за фактом вчинення геноциду в Україні 1932-1933 роках.
Доленосною подією було створення у 1984 році, на підставі рішення Сенату і Палати представників США, Комісії з питань Голодомору в Україні 1932-1933 років, роботу якої очолив доктор Джеймс Мейс. Комісія збирала інформацію про Голодомор, заслуховувала і фіксувала свідчення тих, кому вдалося вціліти, аналізувала причини і наслідки Голодомору для України. Після дворічного мандату Комісія завершила свою роботу і у 1988 році надала звіт у дві тисячі сторінок, але було також оприлюднено Висновки Комісії, зокрема: жертви українського Голодомору налічують мільйони осіб; Голодомор не був, як часто заявлялося, пов’язаний з посухою; Голодомор в Україні 1932-1933 років був наслідком максимальної конфіскації сільськогосподарських продуктів у населення села; робилися такі заходи, щоб не допустити переїзд голодуючих в регіони, де харчі були доступні; вже у кінці 1932 року Сталін знав, що в Україні люди помирали від голоду; Сталін та його оточення здійснили геноцид проти українців у 1932-1933 роках.
Конвенція ООН 1948 р. про запобігання злочину геноциду і покарання за нього закріплює перелік як груп, які є об’єктом геноциду, так і геноцидних діянь, спрямованих проти цих груп: вбивство членів такої групи; спричинення тяжких тілесних ушкоджень або розумового розладу у членів такої групи; навмисне створення для такої групи життєвих умов, які розраховані на цілковите або часткове її знищення; заходи, розраховані на цілковите або часткове недопущення дітонародження у середовищі такої групи; насильна передача дітей з такої людської групи до іншої.
Жертвами штучно організованого геноциду в Україні у 1932-1933 р. були українці саме через свою належність до української нації. Голодомор став каральним геноцидом для українського національного відродження на своїй власній території. Ті, хто вчинив Голодомор 1932-1933 років, залишилися не покараними.
Організовуючи штучний голод, Сталін та його апарат ставили за мету винищити українську національну групу, як таку, що чинить найзапекліший опір, оскільки не сприймає політику комуністичного режиму.
Голодомор 1932-1933 в Україні на національному рівні визнано злочином геноциду, є юридичне підґрунтя - рішення Київського Апеляційного суду для засудження сталінського тоталітарного режиму як злочинного.
Для України є важливим, щоб світова громадськість визнавала геноцидний характер Голодомору в Україні 1932-1933 р.
Які держави визнали Голодомор 1932-1933 в Україні геноцидом? І чому це важливо для України?
Україна високо цінує підтримку міжнародної спільноти у засудженні Голодомору 1932-1933 років в Україні.
На парламентському рівні Голодомор визнали геноцидом Українського народу 16 держав світу - Австралія, Грузія, Республіка Еквадор, Естонська Республіка, Канада, Республіка Колумбія, Латвійська Республіка, Литовська Республіка, Сполучені Штати Мексики, Республіка Парагвай, Республіка Перу, Португальська Республіка, Республіка Польща, США, Угорщина та Чеська Республіка; також визнання на регіональному та муніципальному рівнях – 9 держав - Австралія, Аргентина, Бразилія, Сполучене Королівство Великої Британії та Північної Ірландії, Королівство Іспанія, Італійська Республіка, Канада, Португальська Республіка та США.
Важливо тому, що геноцид української нації продовжується зараз державою-агресором-терористом РФ.
Професор Єльського Університету Тімоті Снайдер у своїй нещодавній (21.10.2022) промові під час проведення конференції у Берліні „Міжнародне право проти геноциду“ озвучив шість ознак, що доводять намір скоїти геноцид: 1) описувати державу як „недодержаву“; 2) для знищення певної соціальної групи називати народ не народом, націю не нацією; 3) заперечувати те, що ця людина належить до людської істоти; 4) люди заперечують попередній геноцид; 5) реалізація так званого “заміщення” – коли один народ думає, що може прийти та забрати територію іншого народу; шостою ознакою професор Т. Снайдер назвав „показником пост-модерну“ – коли інші люди бачать так багато доказів злочину геноциду, що сумніваються у тому, що це геноцид.
Як продовжується ця російська державна стратегія? Чи є російська агресія новою спробою геноциду українського народу?
У цій війні метою рф є знищення Українського народу. Всі публічні заяви президента рф та посадових осіб цієї держави свідчать про політику країни-агресора росії щодо невизнання права Українського народу на самоідентифікацію та самовизначення.
Збройні сили рф знищують цивільне населення України, вбиваючи, завдаючи тортур, спричиняючи важкі тілесні ушкодження, також здійснюють насильницьку передачу українських дітей до рф.
Відбувається навмисне руйнування житла, лікарень, шкіл, енергетичної цивільної інфраструктури. Відбувається блокада українських міст окупаційними російськими силами.
Фізичне, психологічне насильство, руйнування – дії рф, спрямовані на винищення українців.
Все це у сукупності – геноцид рф проти Українського народу.
Для покарання за всі ці злочини Україна і звернулася до держав зпроханням приєднатися до створення Спеціального Міжнародного Трибуналу. Це вимагатиме певного часу, але держави вже можуть визнавати дії РФ геноцидом.
Цих злочинів РФ так багато, що люди не можуть їх не бачити, можна лише відвернутися, щоб не вивертало від болю.