• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Стаття Посла України Лариси Дір "Ікона проти російської війни"
Опубліковано 03 травня 2025 року о 16:15

Посилання/Линк: https://civilmedia.mk/ikona-protiv-ruskata-vojna/


Икона против руската војна


Иконата во православието и католицизмот претставува исклучителен свештен атрибут, особено во православната традиција. Таа има длабоко сакрално значење за верниците и служи како посебна форма на дијалог — дијалог што може да ги излечи раните што Украинците ги трпат и против кои се борат веќе 1165 дена поради руската воена агресија против Украина.

Овие редови ги напишав инспирирана од една посебна изложба на украинските уметници Софија Атлантова, Олександр Клименко и Герман Клименко, која содржи циклус Богородични икони насликани на кутии од оружје. Овој проект е посветен на украинските деца кои се киднапирани од руските окупатори.

Украинските деца и мајки се најранливите и најнезаштитените пред воените злосторства на русија. Апсолутна „новела“ на тековниот злостор на рф е тоа што незаконската депортација на украински деца ја спроведуваат претставници на сите гранки на руската власт. Киднапирање, заробување, физичко и морално малтретирање, тортура — тоа е добро организиран државен конвејер на руското зло.

Идејата на проектот „Икони на кутии од муниција“ — дело на уметници од Кијив — е трансформација на смртта во живот. Кутијата од оружје е симбол на смртта, додека иконата го претставува животот.

Излегувајќи надвор од религиозниот простор, иконата насликана на кутии од оружје станува разбирлива и далеку од украинската земја, која секојдневно е подложена на ракетни и артилериски напади.

За време на руската агресија, Украинците научија да оперираат под непријателски напади, да ги едуцираат децата во засолништа и со неверојатна брзина да ја развиваат својата одбранбена индустрија.

Зошто тогаш да не се совлада и создавањето икони на кутии од муниција?!!!

Секако, таквиот израз на титански отпор не е поради недостаток на традиционални материјали.

Украинските земји имаат вековна историја на иконопис. И покрај многуте пречки, украинската култура, особено црковната, се развивала во нагорна линија.

Најпознати и влијателни биле Кијивската и Лвивската школа на иконопис. Украинското иконописство било богато со неколку стилови, меѓу кои најпознати се ренесансата, барокот и класицизмот. Многу странски мајстори го совладале стилот на украинските барокни икони во Кијив.

Украинските барокни цркви и ренесансно-барокните иконостаси се сведоштва за префинетоста и совршенството на украинското наследство, кое намерно се уништува од рускиот агресор.

Иконописот на кутии од оружје е нов стил на украинското иконописство, донесен од руската војна.

Тоа е исто така сила што, на свој начин, го задржува руското воено зло.

Менталниот отпор продолжува.

Украина се бори!


*****



Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux