• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Стаття Посла України Лариси Дір "Незламність українців"
Опубліковано 14 травня 2025 року о 16:36

Посилання/Линк: https://civilmedia.mk/neskrshlivosta-na-ukraintsite/


На 14 мај, во Украина се одбележува Денот на почит за Украинците кои спасувале Евреи за време на Втората светска војна.

Ризикувајќи го сопствениот живот, како и животите на своите блиски, Украинците спасувале Евреи осудени на смрт. Почесната титула „Праведници меѓу народите“ е воспоставена од Националниот музеј на Холокаустот и Херојството „Јад Вашем“. Украина се наоѓа на четвртото место во светот по број на признати Праведници меѓу народите (по Полска, Холандија и Франција).

Се разбира, бројот на признати Праведници во некоја земја не секогаш ја одразува вистинската бројка на херојски дела и жртвување за спасување на човечки животи. Станува збор за документирани случаи на спасување кои ги исполнуваат строгите критериуми на „Јад Вашем“. Затоа, во Украина се оддава почит и на оние Праведници меѓу народите, и на оние кои не ја добиле таа титула, но постојат силни докази дека спасувале Евреи за време на Холокаустот.


Што ги мотивирало спасителите? Што било поттик за да се спаси другиот? Овој феномен постои и денес – за време на руската воена агресија против Украина. При руски воздушен напад, мајка со своето тело го заштитува детето, соседи се извлекуваат едни со други од запалени згради, украински војници се борат да ги извлечат своите соборци од руско заробеништво, а оние кои се на список за размена на заробеници – го отстапуваат своето место на болен пријател или другар што итно има потреба од медицинска помош.

Од денешната војна на русија против Украина се навраќаме кон злосторствата на нацистите против Евреите – но и кон Украинците кои спасувале.

Многумина од нив биле мотивирани од своите христијански убедувања. Многу свештеници од Украинската грко-католичка црква станале спасители на стотици Евреи – меѓу нив митрополит Андреј Шептицки, отец Омелјан Ковч, отец Климент Шептицки, игуманијата Елена Витер.


Украинците спасувале Евреи од нацистите така што ги претставувале како свои роднини, им обезбедувале документи, ги пренесувале преку граница, а еврејските деца биле криени во манастири.

Тоа е подвиг. Секогаш е подвиг да се спротивставиш на политика на омраза и уништување. Без разлика дали станува збор за нацистичкиот режим за време на Холокаустот или за денешната политика на Кремљ – геноцидот против Украинците.

Трагедијата и херојството од пред повеќе од 80 години стојат рамо до рамо.

Денес – руска желба за уништување и убивање, а спроти неа – украински отпор, желба за живот и победа.

Денот на сеќавање на Украинците кои спасувале Евреи за време на Втората светска војна не е само оддавање чест на оние што покажале извонредна храброст – тој е и потсетник на човечката способност за сочувство и храброст во лице на нечовечки страдања.

14 мај не е само ден на сеќавање – тоа е и 1176-тиот ден од руската воена агресија против Украина, во кој ни е особено потребна поддршка и помош за отпорот и борбата против руската агресија.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux