• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Виступ Посла України Лариси Дір під час прем’єри документального фільму «Siren lullabies» македонської журналістки та військової кореспондентки Крістіни Атовської
Опубліковано 27 лютого 2023 року о 17:15

Почитуван г-дине Претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски,

Почитуван г-дине Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Талат Џафери,

Почитувани амбасадори,

Почитувани присутни,

Пред се, сакам да ѝ се заблагодарам на првата македонска новинарка која известуваше од зоната на воени дејствија во Украина, г-ѓа Кристина Атовска и нејзиниот тим за огромната работа - создавање филм посветен на војната на русија против Украина.

Овој филм е за болка, за загуба, за уништување.

И овој филм е за украинскиот отпор, за храброста на украинските бранители, за поддршката на Украина од целиот цивилизиран свет.

Високо ја ценам храброста на г-ѓа Кристина. Вие, ризикувајќи го својот живот, бевте во зоната на воени дејствија за да снимите и пренесете вистинити информации за воената агресија на рф против Украина.

Ваша работа е информативниот фронт - да пренесете објективни информации за воените злосторства на рф и злосторствата против човештвото извршени од руските окупатори во Украина.

Сметам дека граѓаните на Северна Македонија имаат право на вистинити информации за злосторствата на кремљ во Украина и треба да ја разликуваат лагата, која ја претставува пред сè руската амбасада во Скопје, како и руските фактори кои имаат информативно влијание.

Госпоѓо Кристина, Вашата херојска работа е значајна поддршка за украинскиот народ.

Северна Македонија им помага на Украинците уште од првите денови на руската инвазија - обезбедува воена, финансиска, хуманитарна помош и поддршка во рамки на сите меѓународни организации.

Вашето присуство овде е голема морална поддршка за Украинците.

Госпоѓо Кристина, се надевам дека Вашиот следен филм ќе биде за победата на Украина, која, всушност, веќе победи!

Искрено Ви благодарам на сите за поддршката!

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux