• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Виступ Посла України Лариси Дір під час установчого засідання Міжпартійної парламентської групи Собранія Республіки Північна Македонія з підтримки Міжнародної Кримської платформи
Опубліковано 08 грудня 2022 року о 14:27

Почитуван Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, господин Талат Џафери,

Почитувани пратеници,

Почитувана Амбасадорке на Република Хрватска, госпоѓа Нивес Тигањ,

Како што Ви е познато, Меѓународната Кримска платформа беше создадена во Кијив во 2021 (две илјади дваесет и прва) година.

Во октомври 2022 (две илјади дваесет и втора) година во Загреб се одржа Првиот Парламентарен Самит на Меѓународната Кримска платформа, организиран од страна на Република Хрватска и Украина.

Кримската платформа е нов меѓународен формат за консултации и координација, создаден по иницијатива на Претседателот на Украина.

Овој формат е насочен кон зголемување на ефективноста на меѓународното реагирање на тековната окупација на Крим од страна на руската федерација, спречување на кршење на човековите права и заштита на жртвите на окупацискиот режим.

Би сакала да му се заблагодарам на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, господин Талат Џафери, за учеството во Првиот Парламентарен Самит на Кримската платформа, како и за имплементирањето на задачите на Заедничката Декларација.

Во Вашиот Парламент е создадена Интерпартиска парламентарна група за Меѓународната Кримска платформа.

Такви групи заклучно со денес се создадени во Парламентите на Латвија и Литванија, како и во Парламентарното Собрание на НАТО.

Овој чекор беше високо оценет во Украина, вклучително Претседателот на Парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, истакна дека: „Се надева на понатамошна плодна соработка со Собранието на Република Северна Македонија.“

Групите за поддршка на Кримската платформа во националните парламенти ќе помогнат во обединување на напорите:

  • за засилување на политиката на непризнавање на незаконското анектирање на Крим;
  • за зајакнување на ефективноста на постоечките рестриктивни мерки во однос на рф;
  • за унапредување на регионалната безбедност;
  • за почитување на човековите права.

Кримската платформа убедено зазема приоритетно место во меѓународниот дневен ред.

Ние сме многу благодарни и високо ја цениме улогата на македонскиот Парламент, кој помага во активноста на Кримската платформа. Вие не се држите на страна, не молчите за злосторството, изреагиравте, ни дадовте поддржка. Создадената група, убедена сум, ќе ја продолжи својата работа во меѓународната димензија.

Многу сме ѝ благодарни на Република Хрватска за поддршката на Парламентарната димензија на Кримската платформа.

Ви благодарам многу!


Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux