• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Виступ Посла України Лариси Дір під час виставки фотографій македонської журналістки та військової кореспондентки Крістіни Атовської
Опубліковано 22 січня 2023 року о 14:58

Почитувани гости,

Почитувана г-ѓа Кристина,

Пред се, дозволете ми искрено да ѝ се заблагодарам на личноста која не бара претставување, храбрата и решителна македонска новинарка и воена дописничка Кристина Атовска за нејзината напорна и темелна работа, дел од која ќе можеме да ја погледнеме со вас денес!

Госпоѓа Кристина беше во Украина двапати (по неколку месеци во март и мај) извршувајќи многу сериозна и одговорна работа - му ја покажуваше на македонското општество вистинската состојба во Украина, а поточно, крвавата воена агресија на русија врз Украина и геноцидот врз украинскиот народ организиран од државата-терорист руската федерација.

Делата претставени на оваа фотографска изложба ви дават можност делумно да си го замислите уништувањето во Украина.

русија продолжува да ги тероризира украинските цивили: изминатите месеци беа обележани со интензивни ракетни напади и напади со дронови, кои русија ги изврши врз украинското цивилно население, критичната инфраструктура и станбените области.

Би сакала исто така да ѝ се заблагодарам на г-ѓа Кристина за тоа што избра таков симболичен датум за нејзината изложба и го усогласи со нашиот национален празник - Денот на Украинското единство.

Секоја година, на 22 јануари – денот, кога бил прогласен Актот на Обединување на Украинска Народна Република и Западноукраинска Народна Република, Украина го одбележува Денот на Украинското Единство. Актот на Обединување историски ги споил украинските земји во една држава.

Поимот „единство“ има неколку значења. Тој значи обединување на сите земји, населени од одредена нација на поврзани територии во една целина - една држава, како и духовна консолидација на сите граѓани на државата, нивната кохезија независна од нивната националност. Исто така, единство значи и територијална целосност на државата и затоа ослободување на сите украински земји од руските окупанти е наша заедничка цел.

русија не се откажа од идејата да ја освои и уништи Украина. Таа собира сили за нови можни офанзиви во наредните месеци. На русија не смее да ѝ се даде никаква можност да продолжи со својата неоправдана воена агресија против Украина.

Затоа нашата благодарност за работата на г-ѓа Кристина е безгранична, бидејќи таа ја доведува вистинската информација до македонското општество.

Ние го цениме овој единствен информативен фронт, кој е исклучително важен за надминување на дезинформацијата која ја шири државата-терорист руската федерација. Исто така, ние сме ѝ искрено благодарни на Северна Македонија за воената и хуманитарната помош.

Благодарам!

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux