• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Виступ Посла України Лариси Дір під час заходу, присвяченого Голодомору 1932-1933 років в Україні, Дню вшанування пам’яті дітей, які загинули внаслідок збройної агресії рф проти України, та примусової депортації українських дітей на територію рф
Опубліковано 09 червня 2023 року о 17:13

Почитувани пратеници, Ваши Екселенции, 

Почитувани присутни,


Денес, на 9 јуни, се собравме во Музејот на македонската борба за самостојност да го дискутираме прашањето за заштита на правата на децата, обезбедување на целосен и хармоничен развој на децата, како и заштита на децата за време на војна.

Пред една недела светската јавност го обележа Денот за заштита на децата, а на 4 јуни Украина го одбележа споменот на децата кои загинаа како резултат на руската агресија врз Украина.

русија веќе уби стотина украински деца, повреди и осакати илјадници, речиси 20 илјади украински деца беа насилно депортирани од привремено окупираната територија на Украина во рф.

Конвенцијата за правата на детето содржи Факултативен протокол за учество на деца во вооружени конфликти. Оваа Конвенција наведува дека секое дете има неотуѓиво право на живот. Слична норма се содржи и во Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи - правото на живот е заштитено со закон.

Но, ние разбираме дека за децата ова право треба да се обезбедува што е можно поцелосно.

Токму ова е нагласено во Универзалната декларација за човекови права - мајчинството и детството даваат право на посебна грижа и помош.

Односно, земајќи ја предвид ранливоста на децата, нивната незаштитеност за време на воените дејствија - децата беа вклучени во посебна категорија на меѓународното хуманитарно право, Конвенциите го нагласуваат приоритетот на интересите на детето.

Го обрнувам вниманието на ова за да ве потсетам дека со децении човештвото разви одредена правна рамка, чија имплементација им го гарантира правото на живот на децата, но од моментот кога рф привремено окупираше територии на Украина, се покажа дека украинските деца не се заштитени и остануваат под оган на руската федерација.

руските окупатори намерно ги насочуваат воените дејствија кон цивилното население и цивилните објекти кои уживаат посебна заштита - болници, училишта, градинки.

Конвенцијата за заштита на цивилното население во време на војна забранува присилно пренесување или депортирање на населението од територијата на окупираната држава. Државата-терорист рф е членка на оваа Женевска конвенција, но повторно брутално ги прекрши нејзините одредби, згора на тоа, самата комесарка на рф за правата на децата јавно го призна фактот за преселување на украинските деца.

Во април 2023 година, Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои резолуцијата „Депортација и присилен трансфер на украински деца и други цивили во руската федерација и на привремено окупираните територии на Украина“, со која се признава дека присилниот трансфер на украински деца во рф има карактеристики на геноцид.

Украинските деца насилно ги преселуваат на територијата на рф и ги испраќаат на одгледување во туѓа средина со цел да се уништи нивната самоидентификација како Украинци.

Конвенцијата на ОН „За спречување и казнување на злосторството геноцид“ како геноцид подразбира и мерки кои се предвидени да го спречат раѓањето на деца во рамки на национална етничка група, како и насилно пренесување на деца од една човечка група во друга.

Сите дејствија на руската федерација за време на вооружената агресија против Украина, насочени кон уништување на украинскиот народ, се геноцид.

Овој геноцид, всушност, е продолжение на геноцидот од 1932-1933 година во Украина наречен Гладомор, кога комунистичкиот тоталитарен режим на СССР го испланира злосторството и истреби милиони Украинци со глад.

Во моментов за Украина е важно да добие како помош со оружје и средства за противвоздушна одбрана, така и поддршка од страна на државите кои ги признаваат дејствијата на рф извршени на територијата на Украина како геноцид, а исто така го признаваат Гладоморот во Украина како геноцид врз украинскиот народ.

Се зголемува бројот на држави кои го признаа Гладоморот во Украина како геноцид, што е знак на солидарност и го поддржува духот на отпорот на Украинците во оваа војна на агресија против руската федерација.

Денес на разговор поканивме и македонски пратеници, и наши украински научници кои го посветија својот живот на откривање на злосторството геноцид - Гладоморот во Украина, и Заменикот народен правобранител на Република Северна Македонија, и македонски научници, и водечки новинари.

Темата е сложена и тешка, но без информации за Гладоморот-геноцид, невозможно е да се разбере генезата на агресијата од големи размери на рф против Украина, која се одвива пред нашите очи.

И уште една забелешка - изборот на местото на одржување на овој настан не е случаен, и јас сум ѝ многу благодарна на г-ѓа Даниела Николова, која љубезно ни даде можност да го одржиме овој настан во Музејот на македонската борба за самостојност.

Борба за Независност и Слобода не се само зборови, тоа е национален код на народот кој го избира своето право на постоење и државност.

Искрено ѝ благодарам на Северна Македонија и на Македонците за поддршката, а Вам Ви благодарам за вниманието!


Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux