• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
"Щодо захисту прав російської меншини в Україні" стаття Посла України Ю.Гончарука македонській газеті МКД (мовою оригіналу)
Опубліковано 17 березня 2014 року о 16:40

Една од причините за агресивните дејства на Руската Федерација во поглед на Украина стана тврдењето во врска со прогонот во Украина на украинските граѓани од руско потекло. Каква е навистина ситуацијата со почитувањето на правата на руското национално малцинство во нашата држава?

 

Украина е многунационална земја, на чија територија живеат претставници на повеќе од 130 националности, од нив 8,3 милиони Руси според пописот од 2001 година.  

Меѓународно признат е фактот дека постигнувањето на украинската политика што се однесува на националните малцинства за време на нејзината независност е меѓунационалниот мир и стабилност на нејзината територија.

Проблемот не е во тоа на кој јазик зборуваат, туку за што зборуваат со него.

Последните промени што се случија во Украина во врска со трагичните настани во последните три месеци, не влијаеа на државната політика во сферата на заштитата на националните малцинства, нивниот културен, јазичен и верски идентитет.

Непријатниот случај од 23 февруари, кога Врховната Рада на Украина, на револуционерниот бран, ја укина важноста на Законот за основите на државната јазична политика од 3 јули 2012 година. Тоа не беше чекор во насока на дискриминација на рускиот јазик или забрана на тој јазик во Украина, како што тоа се обидуваа да го интерпретираат тие, на кои тоа им беше корисно во контекст на зголемување на тензијата во нашето општество.

Уште повеќе, што неговото донесување беше пропратено со груби прекршувања на прописите и беше политички мотивирано од парламентските избори, што се наближуваа.

Освен тоа, како што забележаа експертите, меѓу другото и Генералниот секретар на Советот на Европа, Т. Јагланд, овој закон ги заштитуваше правата само на едниот јазик – рускиот.

За жал, мора да се констатира дека во своето обидување да ја обноват праведноста, пратениците дејсвуваа спротивно на здравиот разум – отпрво да го разработат новиот закон којшто би ги елиминирал недостатоците на важечкиот, што го признавала и претходната власт, а потоа да донесува соодветни решенија. Резултат од брзањето -  незадоволство во земјата и од низа странски партнери.

Од 3 март в.д. претседателот О. Турчинов не го потпише решението на Врховната Рада од 23 февруари. Формирана е комисија за разработка на новиот закон.

Меѓутоа, во Украина работат 1.256 општообразовни школи со настава на руски јазик, не сметајќи ги двојазичните, во кои учат скоро 700 илјади ученици, 12 високообразовни установи од І-ІІ ниво на акредитација (класични и педагошки универзитети), 34 високи образовни установи од ІІІ-ІV ниво на акредитација.

Околу 40 отсто од печатените медиуми во Украинма излегуваат на руски јазик, меѓу другото во Киев тие се значително подоминантни. Податоците се уште поимпресивни во издавањето на книги.

Од 5 до 74 отсто (зависно од регионот) од вкупното емитување на аудио и ТВ сигнал во  Украина се радио и телевизиски програми на руски јазик.  

Во земјата работат 90 руски театри и театарски студија,  25 театри даваат претстави на украински и на руски јазик.

Никогаш во независна Украина немало прогонување за јазична и етничка припадност, меѓу другото и на Крим, каде руските школи изнесуваат 90% од вкупниот број.

Како што велат кај нас: не е важно на кој јазик зборуваш, туку за што зборуваш, односно нашите проблеми лежат не во  јазичното, туку во сосема друго подрачје.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux