Почитувани дами и господа,
Драги пријатели,
На крајот од ноември, Украина и светот го одбележуваат сеќавањето на жртвите од Поморот од глад 1932-1933 година – страшната страница во историјата на украинскиот народ.
Поморот од глад – масовен вештачки организиран глад во Украина од комунистичкиот режим по пат на насилно одземање на прехранбени стоки од селаните, кој доведе до смрт од 7 до 10 милиони Украинци.
На најплодната во светот земја луѓето згаснуваа од глад.
Повеќето од умрените од поморот од глад се деца! Украинци на возраст од 6 месеци до 17 години изнесувале околу половина од сите жртви на Поморот од глад.
Поморот од глад во Украина траел од април 1932 година до ноември 1933 година.
Пролетта 1933 година, во Украина, умирале 17 луѓе секоја минута, 1 000 луѓе секој час и 25 000 луѓе секој ден.
Дошло дури до тоа да на селаните им било забранувано да го напуштаат местото на живеење. Сите патишта до градовите биле затворени. Воените единици ги опколувале населбите, ги притворале или стрелале сите кои се обиделе да се спасат од гладната смрт.
Во тоа време, кога Советски Союз извезувал милиони тони жито во странство, во Украина умирале милиони луѓе од глад.
2006 година Парламентот на Украина официјално го призна Поморот од глад за геноцид на украинскиот народ.
Поморот од глад е признаен за геноцид од страна на 23 држави: Австралија, Андорра, Аргентина, Бразил, Грузија, Еквадор, Естонија, Шпанија, Италија, Канада, Колумбија, Латвија, Литванија, Мексика, Парагвај, Перу, Полска, Словачка, САД, Унгарија, Чешка Република, Чили, Ватикан.
Поморот од глад 1932-1933 година во Украина не е само една од најголемите хуманитарни катастрофи во историјата на човештвото, туку и неизлечива рана на украинската историја.
Многу е важно тоа дека ние оваа вистина не смееме никогаш да ја заборавиме.
Злосторствата против човештвото не застаруваат.
Благодарејќи на Музеjот на градот Скопjе, како и на директорот на Музеjот, почитувана г-га, ние имаме можност да ги одбележиме жртвите на оваа страшна човечка трагедија.
На крај би сакала да ви се заблагодарам за тоа, што сте денес со нас.
Ве замолувам да запалите свеќа во чест на невино погинати од вештачки организираниот глад и да им оддадете почит со едноминутно молчење, да се помолите за нивниот спокој и за благословеното сеќавање на жртвите на комунистичкиот терор.