Почитувани дами и господа, драги приjатели,
Украина минува низ тешки, судбоносни времиња. На желбата на украинскиот народ да ја избере европската иднина, европските вредности, Руската Федерација одговори со анексијата на Крим и војната на Донбас.
Како резултат на деjствиjата на Руската Федерација имаме 10 илјади загинати и 2 милиони насилно преселени луѓе.
Ајде отворено да кажеме тоа е меѓународно злосторство. Дејствијата на Русија брутално кршат меѓународниот правен поредок. Незаконската анексија на Крим и инвазијата на Донбас се случија во 21 век, кога една суверена држава насилно ја одзеде територијата на другата суверена држава во Европа. Русиjа е државата за која постои «правото на силата», а не «силата на правото», за која меѓународното право се празни зборови. За ова сведочат и најновите настани поврзани со нападот на 3 украински бродови во Керченскиот Теснец.
На Русија нејзе и е потребна ситуација, поради која Украина не би можела да се приближува до ЕУ и НАТО. И поради тоа е оваа војна, реална војна, а исто така и силна хибридна информативна војна против Украина. Фејк, лажни соопштенија.
Но, ние имаме својот пат, ние самите одлучуваме за себе, тоа го направивме во 1991 година, тоа го направивме за време на револуцијата на Достоинството во 2014 година.
На 6 декември Украина го одбележува Денот на вооружените сили. Ние се гордееме со нашите војници. Ние за многу кратко време создавме една од наjсилните армиjи во Европа. Создаваме и супермодерна воена техника.
Денешната изложба е посветена на документарната фотохроника на воените настани во источниот дел на Украина од 2014 година, од почетокот на руската агресија, се́ до постепеното формирање на новата Украинска армија.
Преку сеќавањата на очевидци и директни учесници во овој процес, проектот зборува за тоа како Украинската војска и целото украинско општество го поминаа долгиот пат од неефикасната структура од советскиот примерок се́ до современата армија, која моментално ја гарантира безбедноста на Украина и целата Европа.
Ќе се запознаете со документарните докази на застрашувачките настани, кои засекогаш ја променија Украина и светот.
На создавање на проектот се приклучија 33 признати фоторепортери од Украина и странство.
Би сакала да се заблагодарам за можноста за организирање и одржување на изложбата “Украина на линијата на фронтот” на Националната и университетска библиотека “Св.Климент Охридски” и посебно на директорот, г-н Фримзим Даути.
Ве поканувам преку фотографиите да ја видите историјата на промени на Украинците и нашата армија.