• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Стаття Посла України Лариси Дір "Свічка пам'яті. Сила опору."
Опубліковано 23 листопада 2024 року о 10:58

Посилання - https://civilmedia.mk/sveka-na-sekavaneto-sila-na-otporot/

Последната сабота во ноември, Украинците и демократскиот прогресивен свет им оддаваат почит на милионите жртви на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, организиран од сталинистичкиот тоталитарен режим.

Руската Федерација го продолжува злосторството на геноцид, убивајќи Украинци и киднапирајќи украински деца.

Гладоморот е геноцид на Украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на комунистичкото раководство за создавање на вештачки глад во Украина во 1932-1933 година, како резултат на кој загинаа милиони луѓе.

Покорувањето со глад е сигурен инструмент за терор и убиство.

Искоренување на општествените основи на независноста, украинската државна мисла и ограничување на кое било изразување на волја за слободата на развој на украинската нација беа главните цели на тоталитарниот режим.

Сакам да потсетам дека Гладоморот од 1932-1933 година во Украина е признаен како геноцид врз Украинскиот народ од многу држави ширум светот.

Судбоносен настан беше создавањето во 1984 година, врз основа на одлуката на Сенатот и Претставничкиот дом на САД, на Комисијата за Гладоморот во Украина од 1932-1933 година, чија работа беше предводена од д-р Џејмс Мејс. Комисијата собираше информации за Гладоморот, ги слушаше и запишуваше сведоштвата на оние кои успеаја да преживеат, ги анализираше причините и последиците од Гладоморот за Украина. По двегодишниот мандат, Комисијата ја заврши својата работа и во 1988 година поднесе извештај од две илјади страници, но исто така беа објавени и заклучоците на Комисијата, вклучително: жртвите на украинскиот Гладомор броеја милиони луѓе; Гладоморот не беше, како што често се тврдеше, поради сушата; Гладоморот во Украина во 1932-1933 година беше резултат на максималната конфискација на земјоделските производи од селското население; беа преземени мерки за да се спречи преселувањето на гладните во региони каде што беше достапна храна; веќе на крајот на 1932 година, Сталин знаеше дека луѓето во Украина умираат од глад; Сталин и неговото опкружување извршија геноцид врз Украинците во 1932-1933 година.

Жртви на вештачки организираниот геноцид во Украина во 1932-1933 година беа Украинците токму поради нивната припадност на украинската нација.

За Украина е важно светската заедница да се сеќава и да го признава Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз Украинскиот народ.

Северна Македонија ја поддржа Резолуцијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (бр. 2575/2024 од 03 октомври 2024 година) „Одбележување на 90-годишнината од Голодоморот – Украина повторно пред закана од геноцид“.

Украина ќе биде благодарна доколку Парламентот на Северна Македонија ја разгледа можноста за донесување резолуција за признавање на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Оваа одлука би претставувала силна поддршка и израз на солидарност со Украинците, кои херојски ја бранат својата држава од руските окупатори.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux