Почитуван г-дине Рахметула Куќи,
Почитуван г-дине Олександр Урбанович,
Драги Украинци,
Пред се, би сакала да му се заблагодарам на Директорот на Националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски, г-дин Рахметула Куќи, за можноста за споделување на украинскиот печатен збор во Република Северна Македонија.
Денес се собравме во оваа прекрасна просторија на знаење и мудрост да ја отвориме „Украинската полица за книги“.
Оваа иницијатива за споделување на украински книги со светот ѝ припаѓа на Првата дама на Украина Олена Зеленска.
Проектот „Украинска полица за книги“ е, во својата суштина, мултидимензионален:
• Прво – тој е зачувување на нашиот единствен украински идентитет, култура и традиции. Тој е зачувување на нашиот национален код.
• Второ - тој е манифестација на нескршливост и стабилност, поради отпорот кон руските окупатори. Нашето културно наследство е богато, живописно и непобедливо. Украинските книги им се потребни на нашите деца кои беа принудени да ја напуштат Украина поради воената агресија на руската федерација против Украина.
За секој народ е важно да ги негува својот јазик и култура - ова е и зачувување на националната меморија и извор на збогатување за другите народи.
Денес направивме уште еден чекор кон тоа, за секој од вас, драги Украинци, библиотеката искрено ги отвора своите врати за споделување на литература на украински јазик. Отсега во ова гостопримливо македонско место ќе има слободен пристап до украински книги за возрасни и деца. Додека сте во странство, ќе можете да избирате книги на украински јазик и да ги учите децата. Да се грижите за украинскиот јазик и да уживате во неговиот звук.
Дозволете ми повторно да му се заблагодарам на г-дин Рахметула Куки за гостопримството и поддршката на украинскиот збор и на Украинците.
Слава Україні!