• A-
    A+
  • Людям із порушенням зору
  • Українською
  • Mакедонски
Звернення Посла України Лариси Дір
Опубліковано 19 листопада 2024 року о 09:31


Денес е 19 ноември 2024 година.

На 24 февруари 2022 година, Руската Федерација започна воена агресија од големи размери насочена кон уништување на Украина и Украинците.

Илјада дена Украинците херојски се борат против руските агресори, кои се водени од идејата за уништување на украинската државност и нарушување на безбедноста во Европа.

За време на целиот овој период, руските трупи вршат брутални воени злосторства, злосторства против човештвото, депортација и насилно преселување на украински деца во рф, ја уништуваат критичната инфраструктура на Украина.

Зверствата на руските војници во Буча, Ирпин, Мариупол, секојдневните бомбардирања на цивилното население, стрелањето и мачењето на воените заробеници, незаконската депортација на украински деца – сето ова се злосторства на русите.

Планот за победа на претседателот Володимир Зеленски има многу јасни компоненти: членство на Украина во НАТО, незапирливо зајакнување на нејзината одбрана и мерки на одвраќање на украинска територија кои ќе го принудат рускиот агресор да постигне праведен мир.

Многу ја цениме поддршката на Северна Македонија како членка на НАТО.

Илjaда дена Украинците ја држат линијата на одбрана. Илjaда дена украинската армија ја штити Украина и Европа. Украина е актива за НАТО.

Овие илјада дена се часови и минути на титанска борба и напор, храброст и херојство.

Тоа е смелоста и издржливоста на Украинците, зајакнати со воена и финансиска поддршка од партнерите. Украина им е благодарна на сите што ѝ помагаат да се бори. Ние нема да се покориме.

Слава на Украина!


Посилання: https://civilmedia.mk/video-ukrainskata-ambasadorka-larisa-dir-1000-dena-ukraintsite-herojski-se-borat-protiv-ruskite-agresori-1000-dena-ukraintsite-ja-drzhat-linijata-na-odbrana-1000-dena-ukrainskata-armija-ja-shtiti-ukra/

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux