Информација за редоследот и условите за имиграција во Украина на странци
и лица без државјанство
Условите и редоследот за имиграција во Украина на странци и лица без државјанство се одредуваат со Законот на Украина „За имиграција”.
Дозвола за имиграција во Украина можат да добијат странци и лица без државјанство, кои согласно со нормите на важечкото законодавство на Украина имаат основа за имиграција во Украина. Споменатите основи се одредени со соодветни одредби на членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”.
Дозвола за имиграција се издава во границите на квотата за имиграција,
одредена од Кабинетот на министрите на Украина во одреден од него редослед,
на следните категории на имигранти:
1) на дејците од науката и културата, чија имиграција им одговара на интересите на Украина (точка 1 од делот 2 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
2) на висококвалификуваните специјалисти и работници, чија остра потреба би се почуствувала на економијата на Украина (точка 2 од делот 2 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
3) на лицата, коишто реализирале странска инвестиција во економијата на Украина со странска конвертирана валута во сума не помала од 100 (сто) илјади САД долари, регистрирана по редослед, одреден од Кабинетот на министрите на Украина (точка 3 од делот 2 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
4) на лицата, коишто се родени брат или сестра, дедо или баба, внук или внука на државјанин на Украина (точка 4 од делот 2 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
5) на лицата, кои порано имале државјанство на Украина (точка 5 од делот 2 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
6) на родителите, на сопругот (сопругата) на имигрантот и неговите неполнолетни деца (точка 6 од делот 2 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
7) на лицата, коишто непрекидно живееле на територијата на Украина во тек на три години од денот на добивањето на статусот бегалци во Украина или азил во Украина, а исто така, нивните родители, сопрузи (сопруги) и малолетни деца, коишто живеат заедно со нив (точка 7 од делот 2 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”).
Дозвола за имиграција над квотата се издава:
1) на едниот од брачниот другар/ка, доколку другиот од бракот, со којшто тој/таа е во брак повеќе од две години, е државјанин на Украина, на децата и родителите на државјаните на Украина (точка 1 од делот 3 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
2) на лицата, коишто се старатели или се грижат за државјаните на Украина, или се наоѓаат под старателство или грижа на државјаните на Украина (точка 2 од делот 3 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
3) на лицата, коишто имаат право за добивање на државјанство на Украина според територијалното потекло (точка 3 од делот 3 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
4) на лицата, чија имиграција е од државен интерес за Украина (точка 4 од делот 3 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”);
5) на украинците во странство, на брачниот другар/ка на украинците во странство, нивните деца во случај на нивно заедничко влегување и престој на треиторијата на Украина (точка 5 од делот 3 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”).
Согласно со членот 9 од Законот на Украина „За имиграција” молбата за издавање на дозвола за имиграција се подава:
1) од лицата, коишто постојано живеат надвор од границите на Украина, - до дипломатските претставништва и конзуларните установи на Украина во странство според местото на нивниот постојан престој;
2) од лицата, коишто престојуваат во Украина на законски основи, - до органите на специјално овластениот централен орган на извршната власт за имиграција, според местото на нивниот престој (и тоа – до одделите за државјанство, имиграција и регистрација на физички лица на соодветните територијални управи на МВР на Украина).
Молбата за издавање на дозвола за имиграција молителот ја предава лично до соодветниот орган на државната власт. Ако постојат солидни причини (болест на молителот, виша сила и сл.) молбата може да се испрати по пошта или по налог на молителот, заверен нотаријално, да се предаде од руго лице.
За малолетните лица, а исто така, за лица, коишто се по воспоставен поредок признаени за работно неспособни, молбата за издавање на дозвола за имиграција ја подаваат нивните законски претставници.
Доколку имигрира еден од родителите, којшто (којашто) ги придружуваат малолетните деца, тој (таа) треба да подадат молба на сопругот (сопругата), нотаријално заверена, за тоа дека тој (таа) не ја оспорува имиграцијата на децата заедно со таткото (мајката). Во случај на отсутност на согласност од таткото (мајката) треба да подаде решение од соодветен државен орган за оставање на децата кај таткото (мајката). Посоченото решение треба да биде легализирано од конзуларна установа на Украина, доколку поинаку не е предвидено со меѓународен договор на Украина.
За добивање на дозвола за имиграција заедно со молбата од одреден образец се подаваат:
1) копија од документот, којшто сведочи за лицето (го потврдува државјанството(поданството) или статусот на лицетобез државјанство);
2) три фотографии со димензии 3,5 Х 4,5 сантиметри;
3) документ за местото на жвеење (во Украина и во странство);
4) документално потврдување на информацијата за составот на семејството (копија од изводот од матичната книга на родените, свидетелство за брак, документи за посинување, за одредување на старателство или грижа и сл.)
5) документ за тоа дека лицето не е болно од хроничен алкохолизам, токсикоманија, наркоманија или инфекцијски заболувања, чиј список е одреден од централниот орган на извршната валст за заштита на здравјето, издаден од здравствено-профилактичка установа (не с еоднесува за лицата, посочени во точките 1 и 3 од делот 3 од членот 4 од Законот на Украина „За имиграција”) и тоа: на едниот од брачните другари, ако другиот брачен другар, со којшто тој престојува во брак е повеќе од две години државјанин на Украина, на децата и родителите државјани на Украина и лицата, коишто имаат право да добијат државјанство на Украина според територијално потекло).
Освен посочените документи се подаваат:
Лицата, коишто постојано престојуваат надвор од границите на Украина, заедно со молбата за добивање на дозвола за имиграција подаваат, исто така, потврда за отсуство на судење.
Документите, издадени од компетентните органи на странските држави, потпаѓаат под легализација под воспоставен редослед, доколку поинаку не е предвидено со меѓународните Договори на Украина. Копии од овие докумнети, а исто така писмена потврда за согласност на имиграција и гаранции на лицата што примаат се предаваат нотаријално заверени. Документите, информациите, коишто можат да бидат изменети, можат да бидат подадени во текот на шест месеци од денот на нивното издавање.
Доколку за дејствијата, поврзани со издавање на дозвола за имиграција, со законодавството на Украина е предвидено плаќање на државна такса или конзуларен збир, заедно со молбата се подава и документ за нивно плаќање.
Во случај на непредадени од лицето на сите одредени со Законот на Украина „За имиграција” документи молбата за издавање на дозвола за имиграција не се прима.
Во случај на неопходност соодветните органи, коишто обезбедуваат спроведување во работите по прашањата на имиграцијата, можат да побараат други документи, коишто го прецизираат постоењето на основите за издавање на дозвола за имиграција, ако тоа не е во спротивност со Законот на Украина „За имиграција”, а исто така, да го поканат на интервју молителот или другите лица.
Терминот на разгледувањето на молбите за издавање на дозвола за имиграција не може да биде повише од една година од денот на нејзиното поднесување.
Редоследот на влегувањето на имигрантите во Украина и издавање
на лична карта за постојан престој во Украина
На лицето, коешто постојано престојува надвор од границите на Украина и коешто добило дозвола за имиграција, дипломатското преставништво или конзуларната установа на Украина по негово обраќање оформува имиграциона виза, која е важечка година дена од денот на нејзиното оформување. Посоченото лице влегува на територија на Украина во редослед одреден од законодавството на Украина.
По пристигнувањето на имигрантот во Украина, тој е должен да се обрати во тек на пет работни дена до органот на специјално овластениот централен орган на извршната власт за имиграција, според местото на престојот, со молба за издавање на лична карта за постојан престој (лична карта за постојан престој – тоа е документ, кој го потврдува правото на странецот или лицето без државјанство на постојан престој во Украина). Кон молбата треба да се приложат копијата од пасошот на молителот со ставена во него имиграциска виза и копија од решението за издавање на дозвола за имиграција.
Органот на специјално овластениот централен орган на извршната власт за имиграција во тек на седмица од денот на добивањето на молбата издава имиграциска лична карта за постојан престој.
На лицето, коешто престојува врз законски основи во Украина и добило дозвола за имиграција, органот на специјално овластениот централен орган на извршната власт за имиграција, според местото на неговиот престој, му издава лична карта за постојан престој во тек на една седмица од денот на подавањето на соодветната молба од него.