• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Во врска со прашањата за надворешната економска активност на деловните субјекти во делумно окупираните области на Украина
21 август 2024 10:06

Во врска со привремената окупација од страна на Руската Федерација на одредени делови на Донецката, Запорижската, Луганската и Херсонската област, Европската унија воведе санкции во врска со забрана за вршење на трговски, платежни и други надворешно-економски операции на привремено окупираните територии на Украина.

Во исто време, посебни кредитно-банкарски институции во ЕУ ги блокираа трансакциите меѓу украинските компании кои се наоѓаат на териториите на горенаведените области кои се под украинска контрола (претежно во градот Запорижја). Главната причина за блокирањето на плаќањата меѓу украинските деловни субјекти и нивните договорни страни беа потешкотиите што се појавија во ЕУ во врска со дефинирањето на териториите кои се привремено окупирани и/или кои остануваат под контрола на Украина.

Врз основа на резултатите од постојаната работа на украинската страна со Генералниот директорат на Европската комисија „Финансиска стабилност, финансиски услуги и Унијата на пазарот на капитал“ со цел да се реши ова прашање, споменатиот Генерален директорат на ЕК објави соодветни појаснувања на линкот: https://finance.ec.europa.eu/document/download/66e8fd7d-8057-4b9b-96c2-5e54bf573cd1_en?filename=faqs-sanctions-russiaconsolidated_en.pdf (дел D. Trade and Customs, точка 9 Oblast, стр. 190) за финансиски институции и деловни субјекти во ЕУ.

Во појаснувањата на ЕК јасно се наведува дека нема ограничувања за финансиските операции што ги вршат кредитните институции на ЕУ во процесот на водење трговски операции и давање услуги на териториите на Донецката, Херсонската, Луганската и Запорижската област контролирани од Украина. Кредитните институции на ЕУ можат да вршат надворешно-економски операции во овие области на ист начин како и операциите со други кредитни институции во која било друга област на Украина. Дополнително, дадена е спецификација на статусот на градовите Запорижја и Херсон како такви кои не припаѓаат на привремено окупираните територии и се наоѓаат под контрола на Украина.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux