• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Културно-хуманитарна соработка
16 август 2012 23:55

Соработката меѓу Украина и Република Македонија во культурно-хуманитарната сфера останува важен составен дел на билатералните односи меѓу нашите држави. Културната, религиската, јазичката и етничката блиск ост на двата народа ја условува заинтересираноста за развојот на украинско-македонските културно-хуманитарни контакти.

Нивната практична основа ја сочинува Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството з акултура на Украина и Министерството за култура на РМ за 2010-2014 год., потпишана на 3 ноември 2010 год. во рамките на официјалната посета на Украина на Премиерот на РМ, Н.Груевски.

Меѓу главните настани во културнo-хуманитарната сфера во 2021 година се следните:

ІІІ квартал 2021 г.:

На македонски јазик - https://bit.ly/3zs0uEC

посольство україни в республіці північна македонія - інформаційний дайджест посольства посольство україни в республіці північна македонія - інформаційний дайджест посольства


ІІ квартал 2021 г.:
На македонски јазик - https://cutt.ly/nmvRCBB

посольство україни в республіці північна македонія - інформаційний дайджест посольства за  другий квартал 2021 року посольство україни в республіці північна македонія - інформаційний дайджест посольства за  другий квартал 2021 року


І квартал 2021 г.:

На македонски јазик - https://cutt.ly/McFZu3P 


посольство україни в республіці північна македонія - дайджест посольства україни в республіці північна македонія посольство україни в республіці північна македонія - дайджест посольства україни в республіці північна македонія

Меѓу главните настани во културнo-хуманитарната сфера во 2020 година се следните:


Меѓу главните настани во културнo-хуманитарната сфера во 2019 година се следните:

- 11-12 јануари 2019 година во Македонската академија на науките и уметностите (Скопје, Република Македонија) се одржа меѓународна научна конференција „Размена на знаења во академските култури преку миграција во и помеѓу Европа и Црноморскиот регион (пред и по последиците од Првата светска војна).“ На конференцијата учествуваа научници од Австрија, Азербејџан, Грузија, Македонија, Молдавија, Русија, Романија, Турција, Украина - претставници како од универзитетската така и од академската наука. За учество на конференцијата беа поканети да учествуваат слависти - вработени во Отделот за украински и странски фолклор на Институтот за историја на уметност, фолклор и етнологија, кои не се учесници на проектот, особено водечкиот истражувач, доктор по филологија О. Микитенко.

- 22 јануари - Амбасадата заедно со украинската дијаспора го одбележа Денот на единството на Украина. Учесниците на детскиот клуб „Веселка“, одбележувајќи го овој значаен празник, кажаа патриотски стихови за Украина. Учесниците на настанот исто така имаа можност да погледнат документарен филм за настаните од 1919 година;

- 22 февруари - Во врска со 5-годишнината од руската окупација на Крим и со цел одбележување на споменот на хероите на небесната стотина и на сите Украинци кои ги дадоа своите животи против руската агресија, Амбасадата заедно со претставници на украинската заедница организираше акција во центарот на македонскиот главен град Скопје. Жителите на Скопје и другите градови имаа можност да се запознаат со бруталното кршење на основните принципи на меѓународното право од страна на Руската Федерација, за криминалните дејствија на Русија на територијата на Украина, за нелегалната анексија на Крим и за военото присуство на Русија во некои региони на Доњецката и Луганската област.

- 9 март - Амбасадата на Украина заедно со претставници на украинскиот контингент КФОР, детскиот клуб „Веселка“ при Амбасадата, Украинците и пријателите на Украина му оддадоа почит на споменот на Тарас Шевченко;

- 24 април - со поддршка на Амбасадата на Украина, Украинската заедница „Лесја Украинка“, водечка македонска издавачка куќа „Матица македонска“, се одржа презентација на книгата „Интернат“ од познатиот модерен украински поет, прозаист, преведувач и граѓански активист Сергиј Жадан, преведена и објавена на македонски јазик.

- 8 мај - по повод Денот на сеќавање и помирување, Амбасадата на Украина заедно со претставници на украинската заедница и македонската јавност положија цвеќе на споменикот на ослободителите на Скопје. Во Амбасадата се одржа свечена средба по повод Денот на сеќавањето, Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна и 75-годишнината од протерувањето на нацистите од Украина;

- 11 мај - Амбасадата учествуваше на хуманитарен саем во Nova School. Настанот даде можност широко да се претстават украинската кујна и традиции, да се запознае македонската јавност и дипломатскиот кор на земјата на акредитација со гастрономските карактеристики на нашата земја. И да се соберат добротворни средства за потребите на домот за деца без родители.

- 16 мај - Амбасадата заедно со активистите на Заедницата на Украинците во Македонија го одбележа Денот на вишиванката и одржа флеш-моб во центарот на македонскиот главен град по повод Светскиот ден на вишиванката „Пријатели на Украина - во украински вишиванки“;

- 25 мај - со помош на Амбасадата на Украина, Украинската заедница „Лесја Украинка“ беше уредено гробното место и свечено беше откриена спомен плочата на украинскиот свештеник О. Моргул (1887-1979) во црквата Свети Ѓорѓи (с. Пирава, Северна Македонија). О. Моргул беше легендарна личност која остави убав спомен во срцата на жителите на регионот Валандово во Северна Македонија.


- 1 јуни - на Меѓународниот ден на детето, Амбасадата на Украина учествуваше на Добротворниот саем во г.Скопје, нашироко презентирајќи ги украинските производи во земјата на акредитација. Собраните средства беа донирани за помош на децата со пречки во развојот.

- 6 јуни – во рамките на реализацијата на проектите за јавна дипломатија, Амбасадата одржа презентација во Скопје на светски познатиот украински декоративен и украсен живопис „Петрикивка“, како и презентација на „Петрикивка“ во дипломатскиот “Dobredojde” Macedonia Welcome Centre. Присутните имаа можност да се запознаат со прекрасните примери на Петрикивската уметност. Во Музејот на Република Северна Македонија беше исто така отворена и изложба посветена на Петрикивкото сликарство, а во меѓународното Nova School се одржа мастер клас на тема „Петрикивка“. Настанот заврши со изработка на мурал во општина Карпош во Петрикивскиот стил;

- 26 јуни - Амбасадата на Украина во Северна Македонија се приклучи на свечените настани по повод Денот на кримско-татарското знаме. Настанот се одржа под слоганот: „Две знамиња - една земја“.;

- 28 јуни - Амбасадата на Украина во Република Македонија ја одбележа годишнината од Уставот на Украина.Со честитки настапија Амбасадорката, претставници на украинскиот контингент на КФОР, на украинскиот бизнис и на украинската заедница „Лесја Украинка“ во Македонија;

- 8 јули - во просториите на Амбасадата со учество на Амбасадорката и командирите на украинскиот контингент КФОР се одржа средба со студентите по меѓународни студии на Лавовскиот национален универзитет „Иван Франко“. Студентите имаа можност да научат повеќе за Северна Македонија и развојот на украинско-македонските односи, да се запознаат со особеностите на Амбасадата и да дознаат за активностите на украинските мировници на Косово;

- 28-29 јули – во рамките на реализацијата на проектите за јавна дипломатија со поддршка на Амбасадата организирано беше учество на украинското дуо Божена Корчинска (украинска надолжна флејта) и Богдан Кожушко (хармоника) на меѓународните фестивали „Охридско лето“ (г.Охрид) и „Скопско лето“ (г.Скопје). Украинските музичари ја претставија програмата „Разновидна екстраваганција во музичкиот кош“. Фасцинацијата на музичарите со малку познатите ремек-дела од жанрот на музичката минијатура, виртуозната музика за флејта и свежиот звук на барокните хитови на хармоника им овозможи на слушателите да доживеат многу емотивни и интелектуални изненадувања. Програмата хармонично ги соедини во себе делата од античките времиња и музиката од XX век;

- 12 септември - Во Скопје се одржа свечен прием на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија по повод 28-мата годишнина од независноста на Украина. На настанот присуствуваа раководството на Собранието, Владата, Генералштабот, министри, градоначалници, високи функционери, повеќето раководители на дипломатскиот кор и меѓународните организации, претставници на невладини организации и на украинската заедница, командирите на украинскиот воен контингент КФОР;

- 21 септември - Амбасадата, со учество на националниот контингент КФОР, на покана на Амбасадата на САД во Северна Македонија, учествуваше на натпреварот #Run2Remember организиран во чест на вработените на дипломатската служба кои загинаа за време на вршењето на службените должности. Украинскиот тим го посвети своето учество на загинатите во борбата против руската агресија;

- 11 октомври - Амбасадата заедно со заедницата на Украинците „Лесја Украинка“, војниците на украинскиот контингент КФОР го прославија Денот на бранителот на Украина. Украинските деца од детскиот клуб „Веселка“ при Амбасадата ги поздравија нашите војници со патриотски стихови и им подарија свои цртежи;

- 24-27 октомври - Амбасадата заедно со заедницата на Украинците и војниците на украинскиот контингент КФОР ја поддржаа репрезентацијата на Украина во главниот круг од европските квалификации за Светското првенство во футсал;

- 28 октомври - Амбасадата заедно со заедницата на Украинците го почитуваа споменот на загинатите по повод 75-тат годишнина од протерувањето на нацистичките окупатори од Украина;

- 8 ноември - по повод Денот на украинската литература и јазик, Амбасадата во целосен состав се вклучи во акцијата „Сеукраински радио диктат на национално единство“;

- 21 ноември - Амбасадата на Украина заедно со украинската заедница го одбележаа Денот на Достоинството и Слободата со положување цвеќе на споменикот на Тарас Шевченко во г.Скопје;

- 22-23 ноември - Амбасадата заедно со Украинската заедница во Северна Македонија и Детскиот клуб „Веселка“ при Амбасадата, организираа во чест на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година и се приклучија на меѓународната акција „Да запалиме свеќа за сеќавање!“. Во рамките на настанот беше организирана изложба „Украина се сеќава – светот признава!“ и гледаа документарен филм за Гладоморот од 1932-1933 година во Украина;

- 19 декември - со помош на Амбасадата се организираше одбележување на Денот на Свети Никола. Со напорите на Заедницата на Украинците „Лесја Украинка“, детскиот клуб „Веселка“ при Амбасадата, беше организиран свечен концерт, мастер клас за изработка на новогодишни украси, доделување на подароци на децата и гостење со украински јадења.

Сред последните настани во културно-хуманитарната сфера треба да се споменат следните (2014):

Главен настан во 2013 год. во сферата на културно-хуманитарната соработка стана отворањето во октомври на предавања по украински јазик на филолошкиот факултет на скопскиот Универзитет „Св.Кирил и Методиј.

Во јуни 2013 год. беше склучена (под иницијатива и координација на Амбасадата) Спогодба за соработка меѓу Националната телевизиска компанија на Украина (НТКУ) и Македонската радио и телевизија (МРТ).

Спогодбата предвидува широка размена на информативни, спортски, забавни, уметнички програми, документарци, директно емитување, информирање за важни настани од внатрешен и меѓународен карактер за секоја од земјите, реализирање на заеднички проекти, размена на искуството во сферата на телевизијата и т.н.

Во октомври 2013 година се случи посетата на Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Д.Недељковиќ на Украина. Беше постигнат договор за подготовка на Програмата за соработка во културата за 2014-2018 год.

Во август месец 2013 год. под претседателствување на Претседателот на Македонската Академија на науките и уметностите, В.Камбовски, се одржа свечена седница на МАНУ по повод 150-годишнината од денот на раѓањето на првиот Претседател на ВУАН, В.Вернадскиј.

Во ноември 2013 год. беше склучена Спогодба за соработка меѓу архивните служби на двете земји.

Продолжи соработката за подготовка на восочни фигури за музејот на Македонската национална борба и музејот на археологијата.

Во текот на 2013 година украинските уметници доста активно ја посетуваа Македонија:

-              во март во Македонската филхармонија се одржа вториот концерт од циклусот „Лауреати”, чиј солист беше еден од најпознатите украински виолинисти, Валериј Соколов. Во програмата на концертот беа изведени дела на Моцарт и Бетовен;

-              во април, во Битола, од 24 до 28 април, се одржа театарскиот фестивал во којшто беа играни престави претставени од колективи, меѓу другото и од Украина;

-              во април, во Штипскиот народен театар се одржа новата изведба на украинскиот режисер Олександр Мирошниченко „Самоубиството на самотијата”;

-              во мај, месец на сцената на Македонскиот национален театар на операта и балетот се одржа балетската претстава „Дон Кихот” Л.Минкус. Диригент О.Баклан, кореограф В.Јаременко, декоратор – А.Злобин, костимограф – Г.Ипатиева – сите од Украина;

-              во мај, карикатуристот Ј.Кособукин победи на меѓународниот натпревар за карикатура „Скопје-2013”, што се одржуваше во галеријата на главниот град „Остен”;

-              во јули, претставници од Украина зедоа учество во програмата на 53-иот фестивал „Охридсколето”, што се одржува секоја година;

-              во јули, се одржа концерт на светски познатиот виолончелист Антонио Менезес од Бразил и пијанистката Олга Задо од Украина, што се одржа во рамките на Меѓународниот фестивал „Скопско лето-2013”. Специјалистите сметаат дека оваа 22-годишна украинска пијанистка е една од најперспективните светски музичари во својата генерација;

-              во октомври, во Битола, под поддршка на Министерството за култура на Република Македонија се одржа фестивал на класична музика „Интерфест”, во којшто зедоа учество колективи изведувачи на класична музика, меѓу другото и од Украина;

-              во октомври, во главниот град на Република Македонија, Скопје, се одржа меѓународниот детски фестивал „Оро без граници” кој се одржа под поддршка на администрацијата на Општина Карпош. Во фестивалот зеде учество украински детски колектив;

-              по година дена пауза Македонија зеде учество во детскиот натпревар „Евровизија”, што се одржа во главниот град на Украина, на 30 ноември;

-              во ноември, во градската уметничка галерија во Крива Паланка се отвори изложба на фотографии од познатиот украински фотограф Марија Андришчук.

Приоритети во 2014 год. ќе бидат одржување на активностите по повод празнувањето на 200-годишнината од денот на раѓањето на Т.Шевченко, потпишување на Програмата за културно-хуманитарна соработка за 2014-2018 год., одржување на Деновите на науката на Украина во Република Македонија.    

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux