Историја на билатералните односи
Односите меѓу Украина и Македонија започнаа на 23 јули 1993 година со признавањето на украинската државна независност од страна на Поранешната Југословенска Република Македонија.
Дипломатските односи беа воспоставени на 20 април 1995 година со размена на ноти меѓу МНР на Украина и МНР на Македонија.
Официјалните контакти започнаа во мај 1996 година со посета на украинска делегација предводена од Министерот на Кабинетот на Министри на Украина В. Пустовојтенко.
Договорот за пријателство и соработка меѓу Украина и Република Македонија, со кој се дефинираат основните принципи и насоки на развој на билатералните односи, беше склучен за време на официјалната посета на Македонија од Претседателот на Украина Л. Кучма на 16-17 декември 1998 година.
Во јуни 2000 година беше отворено дипломатско претставништво на Украина во Република Македонија.
Во ноември 2001 година беше отворена Амбасадата на Украина во Република Македонија.
Официјални посети и преговори на високо ниво
на ниво на Претседатели:
на 28 јуни 2004 год. Преговори меѓу Претседателот на Украина Л. Кучма и Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски во рамките на Самитот на НАТО (Истанбул, Турција)
на 18 февруари 2005 год. Преговори меѓу Претседателот на Украина В. Јушченко и Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски (Загреб, Хрватска)
од 27-28 јуни 2005 год. официјална посета на Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски во Украина
од 1-2 декември 2005 год. учество на Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски на Форумот за Демократски Избор (Кијив)
на 11 ноември 2008 год. Преговори меѓу Претседателот на Украина В. Јушченко и Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски (Варшава, Полска)
Од 24-25 февруари 2010 год. посета на Претседателот на Република Македонија Г. Иванов во Украина, учество на церемонијата на инаугурација на Претседателот на Украина В. Јанукович
На 13 јуни 2013 год. преговори меѓу Претседателот на Украина В. Јанукович и Претседателот на Република Македонија Г. Иванов во рамките на ХVIII Самит на Претседатели на Централна и Источна Европа (Братислава, Словачка)
Од 7-8 јуни 2014 год. посета на Претседателот на Република Македонија Г. Иванов во Украина за учество во настаните по повод инаугурацијата на Претседателот на Украина Петро Порошенко
На 24 август 2021 година учество на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во свеченостите по повод Денот на Независноста на Украина
на ниво на Премиери:
од 4-5 март 2004 год. Официјална посета на Премиерот на Украина В. Јанукович во Република Македонија
на 25 ноември 2005 год. Преговори меѓу Премиерот на Украина Ј. Ехануров и Претседателот на Владата на Република Македонија В. Бучковски во рамките на одржувањето на Самитот на Шефови на Влади на земјите од Централно европската иницијатива (Пештани, Словачка)
2-4 ноември 2010 год. Официјална посета на Претседателот на Владата на Република Македонија Н.Груевски во Украина
на ниво на Претседатели на парламенти:
од 22-23 јануари 2005 год. посета на Претседателот на Собранието на Република Македонија Л. Јордановски во Украина, учество на церемонијата на инаугурација на Претседателот на Украина В. Јушченко
на 22 ноември 2017 год. Посета на Групата на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Македонија
на 29 мај 2018 год. Посета на собраниската делегација на Собранието на Република Македонија во Украина.
Од 10-12 јуни 2021 год. Работна посета на пратеничката група на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Северна Македонија.
на ниво на Министри за надворешни работи:
од 19-20 октомври 2004 год. официјална посета на Mинистерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко во Република Македонија
на 25 мај 2005 год. Преговори меѓу Министерот за надворешни работи на Украина Б. Тарасјук и Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија И. Митрева за време на спроведувањето на Безбедносниот форум на EAПC (Оре, Шведска)
на 27 јули 2005 год. Преговори на Министерот за надворешни работи на Украина Б. Тарасјук со Министерот за надворешни работи на Република Македонија И. Митрева во рамките на официјалната посета на Украина од Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски
на 3 мај 2008 год. Преговори меѓу Министерот за надворешни работи на Украина В. Огризко и Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на 15-тиот Самит на Шефови на држави од Централна Европа (Охрид, Македонија)
од 29-30 октомври 2008 год. официјална посета на Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски во Украина
на 28 јануари 2010 год. Средба на Министерот за надворешни работи на Украина П. Порошенко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на Меѓународната конференција за решавање на ситуацијата во Авганистан (Лондон)
на 6 февруари 2010 год. Средба на Министерот за надворешни работи на Украина П. Порошенко со Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на 46-та Минхенска безбедносна конференција (Германија)
Од 16-17 јули 2010 год. средба меѓу Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија А. Милошоски за време на неформалниот министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ (г. Алмати, Казахстан)
На 26 септември 2011 год. средба на Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија Н. Поповски во рамките на 66-тата сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк
На 28 септември 2012 год. средба меѓу Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија Н. Попоски во рамките на 67-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
На 13 јуни 2012 год. средба меѓу Министерот за надворешни работи на Украина К. Гришченко со Министерот за надворешни работи на Република Македонија Н. Попоски за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЦЕИ (г. Трст, Италија).
Од 11-12 април 2018 година Официјална посета на Министерот за надворешни работи на Украина П. Климкин во Република Македонија
23 август 2021 година учество на Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи на Самитот на Кримската платформа (Кијив)