Во Украина во 2011 год. е изменета Процедурата за посвојување. Тоа се однесува и на меѓународното посвојување. Исто така е изменет и списокот на документите, коишто треба да ги предаде странецот.
Државјаните на Украина, коишто живеат надвор од границите на Украина и странците, коишто сакаат да посвојат дете, коешто живее во Украина, за прашањата во врска со посинувањето треба да се обраќаат до Државниот департамент за посвојување и заштита на правата на детето на Министерството за работите на семесјтвото, младината и спортот на Украина (www.ditu.gov.ua).
Решението на Кабинетот на министрите на Украина е донесен поредокот на спроведувањето на дејноста за посинување и остварување на надзор за придржување кон правата за посвојување на децата, исто така го предвидува следното.
33. Државјаните на Украина, коишто живеат надвор од границите на Украина и странци, коишто сакаат да посвојат дете, коешто живее во Украина, предаваат до Департаментот досието, коешто се состои од следните документи:
1) молба за стапување во попис на кандидатите за посвојувачи, нотарски заверена;
2) копија од пасош или друг документ, којшто го легитимира лицето, во два примероци;
3) заклучок од компетентниот орган на земјата на живеењето, којшто ја потврдува можноста на молителите да станат посвојувачи. Во заклучокот се укажува адресата, станбено-домашни услови (бројот на спалните соби, постоење на услови за живеење на детето), биографски податоци, составот на семејството (број на лица што живеат заедно со молителот, степенот на роднинската врска, постоење на сопствени деца), ставот на молителите за посвојување. Заклучокот треба да содржи препораки во поглед на бројот, староста и состојбата на здравјето на децата, коишто можат да ги посвојат молителите.
Доколку заклучокот е издаден од недржавен орган, кон него се приложува копија од лиценцата за спроведување од таквиот орган на дејноста, поврзан со посинувањето;
4) дозвола од компетентниот орган на земјата на живеењето на молителот за влез и постојан престој на посинетото дете;
5) обврските на молителот (во два примероци):
6) нотарски заверена писмена согласност на другиот брачен другар за посвојување на детето (во случај на посвојување на детето од едниот од брачните другари), ако поинаку не е предвидено со законот;
7) потврда за платата за последните шест месеци или копија од декларацијата за доходите за претходната календарска година, оверена од орган, којшто ја издал или од нотарот;
8) оверена нотарска копија на документот за брак, регистрирана кај компетентните органи на земјата (во два примероци);
9) заклучок за состојбата на здравјето на секој од молителите, составен по форма согласно со прилогот 3;
10) потврда за постоење или отсутност на осудуваност за секој од молителите, издадена од компетентниот орган на земјата на живењето;
11) оверена нотарски копија од документот, којшто го потврдува правото на сопственост или користење на станбениот простор, со посочување на неговата вкупна станбена површина или бројноста на спалните соби.
Во случај на посвојување на дете од едниот од брачните другари, заклучок за состојбата за здравјето и потврда за постоење или отсутност на осудуваност се поднесуваат од страна на секој од брачните другари.
Нотарски заверените молби за големината на платата или другите доходи на молителите, постоење кај нив на имот или правото на користење на имотот; другите молби не ги заменуваат документите, посочени во оваа точка.
Досието се прима од Департаментот, доколку во него ги има сите документи посочени во оваа точка.
34. Секој документ (освен копијата од пасошот или друг документ, којшто го легитимира лицето), посочен во точка 33 од овој Пордок, а исто така, било-каква молба, обраќање од државјаните на Украина, коишто живеат надвор од границите на Украина, и странците по прашањата, коишто се однесуваат на посинувањето, подлежат на легализација кај соодветната дипломатска установа на Украина, ако поинаку не е предвидено со меѓународните договори на Украина, и се подаваат до Департаментот заедно со нивните преводи на украински јазик, што се заверува по воспоставен поредок.
Молбите, обраќањата, коишто се оформени со нарушување на барањата од оваа точка, не подлежат на разгледување.
35. Рокот на важноста на документите, посочени во точката 33 од овој Поредок изнесува една година од датумот на нивното издавање, доколку поинаку не е предвидено со законодавството на земјата (за што се посочува во документот), во којашто се тие издадени.
На денот на подавањето на документите до Департаментот рокот на нивното понатамошно важење треба да биде не помал од шест месеци.
Во случај кога рокот на важноста на документите според законодавството на земјата, којашто ги издала, е помал од шест месеци, на денот на подавањето до Департаментот треба да се важечки.
____________________________________________________
37. За ставање во пописот на канидадите за посвојувачи молителите се известуваат писмено.
38. На државјаните на Украина, коишто живеат надвор од границите на Украина, и странците може да им биде откажано за ставање во пописот на кандидатите за посвојувачи доколку:
подадените документи не одговараат на барањата, посочени во точките 33-35 на овој Поредок;
во документите или нивниот превод има исправки, допишувања незаверени според воспоставен поредок;
преводот не одговара на содржината на оригиналот од документот;
молителите (едниот од нив) страдаат од болест, која е внесена во утврдениот од Министерствот за здравство список на болести, поради кои лицето коешто ја има не може да биде посинувач;
разликата во години меѓу детето и молителите изнесува помалку од петнаесет или повеќе од четириесет и пет години;
сред децата, коишто повеќе години се наоѓаат на централизираниот попис, ако поинаку не е предвидено со законодавството, нема деца, коишто по старост и состојбата на здравјето би одговарале на препораките, коишто се содржани во заклучокот, предвиден со подточката 3 на точката 33 на овој Поредок.
Писмено одбивање за земање во попис на кандидатите за посинувачи со образложение на причините се издава или се испраќа на молителите заедно со подадените од нив документи.
______________________________________________
40. Датумот на известувањето на кандидатите за посинувачи со информација за децата, коишто можат да бидат посинети, се одредува од Департаментот, за што канидадите за посинувачи се известуваат писмено.
За запознавање со информацијата за децата, коишто можат да бидат посинети, во прв ред се покануваат кандидати за посинување, коишто:
се роднини на децата;
сакаат да посвојат дете, коешто е брат, сестра на порано посинетото од нив дете;
сакаат да посвојат дете, коешто боледува од болест, внесена во утврдениот од
Министерството за здравство список на болести коишто даваат право на посинување на детето без придржување кон роковите на неговото престојување во пописот на Департаментот.
__________________________________________________
44. Пописот на странците и лицата без државјанство, коишто сакаат да посвојат дете, што е странец или лице без државјанство и прстојува во Украина, се реализира по поредок, воспоставен од оваа одлука за државјаните на Украина, коишто престојуваат вон границите на Украина, и странците.
Текстот на Поредокот на спроведувањето на дејноста за посвојување и остварување на надзор за придржување кон правата за посинување на децата (на украински)