По прашањето за добивање на потврда за слободна семејната состојба, неопходна за регистрирање на брак со странец на територијата на Република Македонија, државјаните на Украина можат да се обратат до Амбасадата на Украина во Скопје.
За добивање на потврдата неопходни се:
ВНИМАНИЕ:Согласно со законодавството на Украина таквите документи, како што е изводот на родените, свидетелство за раскинување на бракот, свидетелство за брак (извод од венчаните) се издаваат на лицето непосредно по регистрацијата од соодветните матични служби, како правило еднаш и имаат неограничен рок на важност. Повторното издавање на посочените свидетелства (изводи) се врши во случај на губењето на оригиналите од свидетелствата (изводите). На таков начин оригиналите од свидетелствата, издадени од компетентните органи на Украина, за време на регистрирањето на бракот не можат да бидат оставени во работите на органите на матичната служба на Република Македонија.
Согласно со важечкото законодавство на Украина во случај на промена на презиме на државјанинот на Украина како последица од склучување на брак, пасошките документи (пасошот на државјанинот на Украина, пасошот на државјанинот на Украина за патување во странство) подлегнуваат на промена во рок од месец дена.
Државјаните кои времено се наоѓаат на територијата на Република Македонија за промена на пасошот на државјанинот на Украина се обраќаат до подрачна единица на МВР на Украина во местото на постојаното живеење (регистрација) во Украина. Со законодавството на Украина не е предвидена можноста од замена на пасошот на државјанинот на Украина преку амбасадите и конзулатите на Украина во странство. Замена на пасошот на државјанинот на Украина за патување во странство во врска со промена на презимето се реализира исклучиво по замена на пасошот на државјанинот на Украина и во случај на придржување кон сите услови за добивање на пасош на државјанинот на Украина за патување во странство.
Согласно чл. 7 од Законот на Украина „За државјанство на Украина”, лицето, родителите или еден од родителите, коишто во моментот на неговото раѓање биле државјани на Украина, е државјанин на Украина по раѓање од моментот на раѓањето.
Тој, којшто е по родителите државјанин на Украина, има право да се обрати до конзуларниот оддел во Амбасадата на Украина во Република Македонија за оформување на потврда за регистрирање на детето како државјанин на Украина. За оформување на потврдата до Амбасадата е неопходно да се предаде изводот од матичната книга на родените на детето и пасошот на државјанинот на Украина за патување во странство. Процедурата на регистрирањето и издавањето на потврдата е бесплатна.
По регистрирањето на детето како државјанин на Украина, тоа може да биде внесено во пасош на тој од родителите којшто е државјанин на Украина.