Украинци во Македониjа
Според податоците на пописот на населението од 2002 год., од два милиона население во Македонија живееле 102 етнички Украинци. Навистина етнички Украинци во Македонија има многу повеќе, но тие не се идентификувале себе си како Украинци во текот на државните пописи на населението во СФРЈ, а со време и во Македонија. Градови на незначајно компактво живеење на етнички Украинци во Македонија се главниот град — Скопје, а исто така и градовите Битола, Охрид, Ресен, Делчево.
Поголемиот дел од етничките Украинци во Македонија се потомци на емигрантите од некогашната Руска и Австро-Унгарската империја, доселеници на Балканот како последица на граѓанската војна 1917-22 год., двете светски војни, сталинските репресии. Другиот дел на Украинци – повеќето жени коишто се доселиле во Македонија од некогашниот СССР (по 1991 год. — Украина) како последица на таканаречената «брачна миграција». За последните десетина години бројот на Украинците коишто постојано живеат во Македонија се зголеми приближно двојно, во основа за сметка на доселувањето на украинските жени во местото на живеење на нивните мажи — државјани на Македонија, и тој изнесува близу 300 лица.
Во главниот град официјално се регистрирани две организации во коишто се членови етнички Украинци — Друштво за македонско-укаринско пријателство и соработка, создадено на 22.11.1994 год. и Здружението на Украинците во Република Македонија «Лесја Украинка», официјално регистрирано на 26.03.2004 год.
Поголемиот број од членовите на Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка се Македонци, познати дејци во науката, културата и уматноста, новинари, претставници на деловните кругови и сл.
Регуларно се одржуваат литературно-уметнички празници «Во семејство слободно, ново...», посветени на денот на раѓањето на Т. Г. Шевченко, одбележувањето на годишнината од Чернобил, изложби на украинското сликарство, ликовната уметност и книжевните изданија во Централниот музеј на град Скопје, промоции на заеднички експозиции на дела од украински и македонски уметници во КИЦ на главниот град, одбележува Денот на независноста на Украина, а исто така, одржување на изложби од украинското народно творештво во образовните установи во Скопје.
На 11 декември 2003 година се одржа основачкото собрание на Здружението на Украинците во Република Македонија «Лесја Украинка», за време на кое беше утврден Статутот на организацијата и избрано нејзиното раководство. Претседател на здружението стана Онуфриј Чорниј, заменици – Иван Сидоренко и Пантелеј Кондратјук.
Сега Претседател на Здружението на Украинците во Република Македонија «Лесја Украинка» е Иван Сидоренко, а заменици Володимир Андрејченко и Вера Чорниј — Мешкова (која е истовремено и постојан секретар на здружението). Членови на Здружението се 60- на македонски државјани од бројот на етничките Украинци.
Целта на дејноста на Здружението е поддршка на врските со историската Татковина, сочувување на културното наследтсво и помош во ширењето на украинската култура сред македонската јавност.