Во рамките на учеството во набљудувањето на локалните избори во Република Македонија, Претседателот на Централната изборна комисија на Украина (ЦВК), В.Шаповал се сретна со раководството на Државната изборна комисија на РМ.
Беа разгледани прашањата на изборниот процес во Македонија. Постигната е договореност за склучување на Спогодба за соработка меѓу ЦВК на Украина и ДИК на РМ.
Во разговорот зеде учество Амбасадорот на Украина во РМ, Ј.Гончарук.