• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
На 14 јуни, во г.Пирава (општина Валандово), Амбасадорката на Украина Лариса Дир и претставници на Амбасадата на Украина учествуваа во комеморативните настани
14 јуни 2024 14:10

На 14 јуни, во г.Пирава (општина Валандово), Амбасадорката на Украина Лариса Дир и претставници на Амбасадата на Украина учествуваа во комеморативните настани за почитување на споменот на украинскиот свештеник Олексиј Моргул (1897-1980, од г.Полтава) и неговата сопруга Текла (1888 - 1978, од г.Одеса), кои целиот свој живот го посветиле на служење на Бога и луѓето.
Олексиј Моргул бил принуден да ја напушти родната Полтавска област поради прогон и физичко уништување на украинските свештеници и со текот на времето се преселил на македонска земја, каде што ја извршувал својата духовна мисија.
Од 1961 до 1979 година, Олексиј Моргул бил свештеник во црквата Свети Ѓорѓи, заедно со неговата сопруга Текла, уживале исклучителна почит не само од страна на жителите на г.Пирава, туку и од околните населени места. Семејството припаѓало на високообразовани и духовни луѓе кои на другите им ја пренесувале топлината на своето срце, г-ѓа Текла се занимавала со медицина и лекувала луѓе, а отец Олексиј лечел души. Споменот за овие Украинци сè уште живее во срцата на луѓето кои секоја година се собираат да го почитуваат нивниот спомен.
Исто така, Амбасадата на Украина им предаде за библиотеката на црквата Св. Ѓорѓи во г.Пирава (Македонска православна црква - Охридска архиепископија) книги, меѓу кои делата на Тарас Шевченко и Лесја Украинка, кои на македонски јазик ги преведе Вера Чорниј-Мешкова - членка на Националниот сојуз на писателите на Украина и на Друштвото на писателите на Македонија.
Искрено им благодариме на сите што го одржуваат споменот за семејството Моргул, вклучително на отец Драги и на служителите на црквата Свети Ѓорѓи.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux