• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Министерството за внатрешни работи соопштува за настаните што се случија на 11 јануари 2014 година покрај Киево-Свјатошинскиот суд
11 јануари 2014 12:40

Вчера за време на изнесување на пресудата на лицата , што ги обвинуваат за терористички акт, група активисти на чело со народните пратеници под знамињата на Сеукраинското обединување «Свобода» се собраа во просториите на Киево-Свјатошинскиот суд.

Дел од насобраните ги блокираа излезите од внтрешниот двор на судот и во непосредната близина на просториите кон улицата за да не го пропуштат службениот автомобил.

 За време на обидот на автомобилот на полкот на конвојната служба на милицијата со осудениците да ја напушти територијата на судот демонстрантите почнаа агресивно да се однесуваат. Радикалните активисти фрлаа во страната на просториите на судот и на службениот автомобил шишиња со вода и камења, блокирајќи го при тоа движењето на автомобилот. И покрај барањата од полициските службеници да се запре нарушувањето на јавниот ред, одделни активисти продолжија да го попречуваат движењето на автомобилот, обидувајќи се при тоа да предизвикаат конфликт со полицијата.

За да се обезбеди непречено преминување на службениот автомобил, вработените на специјалните единици на милицијата «Беркут» ги истуркаа демонстрантите од автомобилот, создавајчи коридор за негово поминување. Започна буткањето. Истовремено непознати лица, фрлајќи камења во страната на полицајците, го оштетија стаклото на автомобилот на полкот на конвојната служба на милицијата. Како резултат од несоодветно однесување на активистите беше оштетена фасадата на зградата на судот. Покрај тоа за време на читањето на пресудата на судијата му плиснаа во лице непозната супстанца.

Како последица на таквите дејствија речиси дваесетина вработени во «Беркут» добија разни повреди. Еден од нив е хоспитализиран со прелом на ногата.

Во моментов е почната кривична постапка со делот 3 од член 296 (Хулиганство), делот 2 од членот 345 (Закана и насилство врз вработен во органите на заштитата на јавниот ред) и делот 1 од членот 376 (Мешање во работата на судските органи). За таквите дејствија е предвидена казна лишување од слобода во траење до 5 години.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux