• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Извршена е агресија, но територијалниот интегритет не е доведен во прашање
17 март 2014 15:36

Не би рекол дека воено-политичкиот баланс е сериозно нарушен, бидејќи Русија е голема сила сама по себе. Извршена е агресија. Прекршени се сите меѓународни правни принципи, прекршени се спогодбите меѓу Украина и Русија за распоредување на руската црноморска флота во Украина, како и договорот за соработка меѓу Украина и Русија, вели амбасадорот Гончарук. Тој укажува дека нема мобилизација и додава дека резервистите на војската ги повикуваат на воени собири и дека украинската армија е во состојба на готовност

 За случувањата во Украина постојано има информации од западни или од руски извори. Може ли да ни ја кажете изворната украинска приказна?

 - Тоа е навистина проблем. Во Украина се води масовна информативна војна од страна на Русија, се трошат многу средства. Значи, не ја пишуваат вистината. Не велам дека целото руско новинарство е такво, има и чесни професионалци, но тие, за жал, ги немаат можностите што ги имаат провладините новинари. 

Разликата меѓу украинското и денешното руско новинарство е во тоа што руското се занимава со пропаганда, а нашите новинари со новинарство.

Лицата што демонстрираа во Украина поддржани од Западот ја презедоа власта без избори. Како гледате на тоа? Кој ги признава легитимитетот и легалитетот на овие власти во светот?

- Единствена држава во светот што не ги признава легитимитетот и легалитетот на денешната влада е Русија, можеби има уште некој, но не сум слушнал. Можеби не ја признаваат некои марионетки како Абхазија и Јужна Осетија.

Европската Унија, земјите од Европа воопшто, САД, Канада и многу други земји ја признаваат легитимноста на Владата. Поинаку не може да биде. И тоа не зашто тие се од Запад, тука едноставно треба да се измерат нештата. Нема што да се коментира кој имаше поголеми можности, Западот или Русија, во влијанието на ситуацијата во Украина.

 Вашата земја е дел од Партнерството за мир на НАТО, од друга страна во Крим е стационирана руската војска. Со последните настани овој политичко-воен баланс е битно нарушен. Сметате ли дека е извршена агресија на Украина? Извршена е општа мобилизација. Зошто? Ваш коментар.

 - Не би рекол дека воено-политичкиот баланс е нарушен сериозно, бидејќи Русија е голема сила сама по себе. Извршена е агресија. Прекршени се сите меѓународно правни принципи, прекршени се спогодбите меѓу Украина и Русија за распоредување на руската црноморска флота во Украина, договорот за соработка меѓу Украина и Русија. Нема мобилизација. Се работи за друго. Резервистите на војската ги повикуваат на воени собири, но украинската армија е во состојба на готовност.

 Објаснете што се случи?

 - Накратко да објаснам што се случи во Крим. На 26 февруари Путин наеднаш објави дека ќе се спроведуваат големи воени вежби недалеку од границата на Украина. Се собра Врховната рада на Крим, која сакаше да го изгласа одржувањето на референдумот за независност на Крим, но тоа не беше дозволено од Татарите, кои се собраа околу парламентот. Истата ноќ 120 „непознати“ лица ги зазедоа зградите на Владата и на парламент, кои беа вооружени, и истиот ден се собраа членовите на парламент и во присуство на тие луѓе донесоа решение за одржување референдум. Притоа не се кажуваше кои се тие лица, едноставно се зборуваше за непознати луѓе. Како што се дозна потоа, тоа беа руски специјалци од Севастопол. Во оставка беше целата влада, а новиот премиер се обрати за помош од Русија. Се говореше дека е загрозено руското население и со таа цел се распоредуваше војската, се реализираше класична шема.

 Се доведува ли во прашање целовитоста на Украина, води ли ова кон промена на границите? Од кога датираат проблемите на внатрешна биполарност и сецесионизам?

 - За нас територијалниот интегритет не е доведен во прашање. Го признаваат сите. Во 1994 година Украина се откажа од нуклеарното оружје, а четирите нуклеарни сили, меѓу кои и Русија, го потпишаа меморандумот, гарантирајќи го територијалниот интегритет на украинската држава.

 Во врска со внатрешната биполарност можам да кажам дека постои проблем што треба да се совлада, тоа е проблем меѓу Исток и Запад. Сепаратизмот, пак, се поттикнува особено однадвор. Социолошките истражувања од средината на февруари говорат дека во Украина 12,8 проценти од испитаниците сакаат да се обединат со Русија. Ако зборуваме за одделни региони, дури и на Крим 41 процент се за обединување со Русија. На Крим околу 60 проценти од населението се со руско потекло, околу 25 проценти се Украинци и околу 14 проценти се Татари.

 Колку народи има во Украина, кој сѐ има статус на народ и какви уставни права имаат тие? На пример, колку официјални јазици има и дали навистина се подготвува закон за укинување на рускиот јазик?

 - Во Украина има многу народи. Има закон за јазици, а никој не зборуваше за укинување на рускиот јазик. Тоа не е можно кога во Украина живеат осум милиони Руси. Се работи за друго. Во еуфоријата пред да биде симнат од власт Јанукович, Врховната рада го укина тој закон, а новиот претседател Турчинов не го потпиша указот за укинување. Сега во Врховната рада е создадена специјална комисија, која ќе работи на новиот закон, во кој само ќе се прецизира употребата на јазиците.

 Без разлика на законот, секој си зборува онака како што зборува. Никој не правеше проблем. Тоа не е проблем, тоа е проблем на политички манипулации, тоа е средство за добивање гласови на изборите. Во постојниот закон се вели дека државен јазик е украинскиот, а постојат и регионални јазици во контекст на Европската повелба за регионални и малцински јазици. Оттука, во Украина има руски, белоруски, кримско-татарски, молдавски, германски, новогрчки, полски, романски, словачки, унгарски, русински (се користи во дел од зад Карпатите), кримчатски...

 Законот вели и дека за секој јазик се одвојуваат средства за негова употреба, под услов бројот на лица што го говорат дадениот јазик, а живеат на одредена територија каде што се зборува тој јазик, да изнесува десет проценти.

 Какви се односите со соседните држави и дали постојат индикации за територијални претензии или аспирации?

  Постојат територијални претензии. Меѓу другото, Русија одамна претендира на тоа. Тоа не е отсега. Тоа што се случи сега на Крим е операција одамна. Рускиот парламент во 1993 година донесе акт за да се признае за неважечко решението на Владата на СССР за предавање на Крим во составот на Украина во 1954 година. За поддршка на сепаратистичкото расположение на Крим патувале и разни руски емисари, меѓу кои и некогашниот градоначалник на Москва, Јури Лужков.

 Украина користи руски гас, а наедно низ неа се транспортира за регионов. Дали актуелните случувања може да влијаат на ова?

- Нема проблем со транспортот на гасот. Украина го гарантира транспортот на гасот, без оглед на денешната ситуација.

 Претседателот Турчинов објави назначување управители на две области, бизнисмените Сергеј Тарута за Донетск и Игор Коломојски за Днепропетровск. Како гледате на ова? Може ли да биде импулс за економско заживување на Украина?

 - Во дадениот случај овие назначувања се за општо стабилизирање, вклучување во власта на влијателни луѓе. Тоа, пак, ќе води кон стабилизација во сите области.

Како ја гледате во перспектива Украина во односите со ЕУ, со САД и, од друга страна, како ги гледате во перспектива односите Украина - Русија?

 - Знаете како почна „Мајдан“, Јанукович одби да ја потпише спогодбата, иако имаше масовна пропаганда за спогодбата. Новата власт е подготвена да ја потпише и се надеваме дека ќе се случи во најскоро време. САД секогаш биле стратегиски партнер и ја покажуваат поддршката. Русија е голема држава, имаме тесни економски односи и тие ќе продолжат. Главно е од нив да се симне политичката обоеност. Имаме голем извоз и ние не ја направивме економската блокада минатата година.

 

газета "Нова Македонія", Гончарук Юрій Олексійович

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux