• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
На 27 февруари 2023 година се одржа премиерата на документарниот филм „Siren Lullabies"
27 фебруари 2023 13:10

На 27 февруари 2023 година се одржа премиерата на документарниот филм „Siren Lullabies" на македонската новинарка и воена дописничка Кристина Атовска, која во текот на Годината на Нескршливоста двапати престојуваше во Украина за да сними филм за руската воена агресија против Украина.


Премиерата на филмот се одржа во киното „Милениум“ (Скопје), на која присуствуваа Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, претставници на дипломатскиот кор, украинската заедница.


По минутата молк, пред присутните се обрати Амбасадорката на Украина Лариса Дир, која истакна дека високо ја цени храброста на г-ѓа Кристина, која, ризикувајќи го својот живот, била во зоната на воени дејтвија со цел да ги сними и пренесе вистинските информации за воена агресија на рф против Украина. „ Ваша работа е информативниот фронт - да пренесете објективни информации за воените злосторства на рф и злосторствата против човештвото извршени од руските окупатори во Украина.

Сметам дека граѓаните на Северна Македонија имаат право на вистинити информации за злосторствата на кремљ во Украина и треба да ја разликуваат лагата, која ја претставува пред сè руската амбасада во Скопје, како и руските фактори кои имаат информативно влијание.“, - нагласи Л. Дир.


Додека беше во Украина, К. Атовска сними повеќе од 100 репортажи за руските злосторства во Лвивската, Кијивската и Харкивската област. Како новинарка, за време на нејзиниот престој во Украина, беа подготвени и голем број одделни прилози за водечките македонски медиуми.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux