• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
“РЕЧИСИ СПОРЕД АНДЕРСЕН... ”, статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во весникот "Дневник.mk" (24.07.2014)
25 јули 2014 11:20

Тој што заборавил или не обрнал внимание или не знаел сакам да го потсетам дека на 5 март озлогласениот канал „Русија денес“ го напушти американска новинарка Лиз Ваљ, која работеше во офисот во Вашингтон. Пред неа тоа го направи уште еден новинар - Еби Мартин.

Причината беше една - несакање да се лаже во врска со активностите на Русија во Kрим.

Уредникот на „Русија денес“, М. Симонјан, напуштањето на Еби Мартин го објасни со тоа дека таа не беше добро информирана за ситуацијата во Kрим и стана жртва на американската пропаганда.

Целиот свет знае како се заврши во Kрим...

На 19 јули телевизискиот канал го напушти соработникот на лондонскиот офис, Сара Ферс, во врска со сторијата која ја префрли целата одговорност за трагедијата со „боингот 777“ врз Украина.

„Сара изјави дека таа ја избира вистината; можеби имаме различни дефиниции за вистината. Ние сметаме дека вистината е тоа што нашите новинари го виделе со своите очи, а не она што е печатено во утрински лондонски весници“ - рече претставникот на каналот, Ана Бјелкина.

Тешко е да не се согласиш со госпоѓа Бјелкина – тоа навистина е така: секој има сопствена дефиниција за вистината. На пример, господин Путин ноќта на 21 јули уште еднаш ги повика сите спротивставени страни веднаш да го прекинат крвопролевањето и да седнат на преговорачката маса“.

Овој повик би можел да биде поздравен доколку Русија конечно би се изјаснила за спротивставена страна. Ама, пак,... поради тоа, овој повик стана само уште еден.

Мислам, за жал, дека и не за последен пат.

Моќниците на светов исто така не гледаат во неа спротивставена страна бидејќи не ни бараа да се затвори границата и да се влијае врз сепаратистите. Русија секојпат изјавува дека тие не ја слушаат целосно и се однесува како глупава, но грижлива мајка, која, наместо добро да го подбере своето разгалено детиште, се обидува да го смири со нова играчка, но и го штити кога ќе се пожалат од него.

Цената на таквата играчка секојпат се зголемува.

Тоа е несфатливо, но и покрај очигледната ситуација на директно мешање во внатрешните работи на Украина, што трае веќе неколку месеци, и до ден-денес не се сите подготвени да ги нарекуваат работите со нивните вистински имиња. Kако што постојат многубројни знаци дека Русија ги засили дестабилизирачките активности во Украина.

Така, и да и не. И сакам и нејќам.

Очигледно е дека нешто стои зад тоа - нешто толку очигледно што овозможува да го гледаш, но да не го забележуваш.

Па, речиси според сказната на Х.K. Андерсен „??Царевата нова облека“: „Никој не сакаше да се признае дека ништо не гледа зашто тогаш ќе се покаже дека не ~ е дораснат на должноста или дека е глуп! Ниту една царева облека дотогаш не беше предизвикала толкаво воодушевување во народот како оваа.

- Ама, погледнете, па тој е гол! – одеднаш извикало некое дете.

- Господи, боже! Тоа е глас на невино дете! – тогаш рече татко му. Но меѓу народот почна да се шири со шепот она што го изрече детето.

- Тој е гол! Едно мало дете кажало дека царот е гол!

- Царот е сосема гол! – најпосле почна да вика целиот насобран народ.

И на царот му стана непријатно зашто и тој насетуваше дека неговите поданици имаат право, ама си помисли во себе: Морам да издржам до крајот во свеченава поворка!

Се истопори и продолжи да чекори уште подостоинствено, а со него и неговите коморници цврсто држејќи ги скутините на неговиот нов костум, кој ниту постоеше“.

весникот "Дневник.mk", Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux