• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
«Почна отворената интервенција на Русија во Украина, на потег се ЕУ и НАТО», статија на Амбасадорот на Украина во Република Македонија Јуриј Гончарук во електронското изданије на весникот "Mkd.mk" (28.08.2014)
28 август 2014 17:56

Ситуацијата кардинално се измени. Руската Федерација од скриена војна премина во дрска вооружена инвазија на територијата на Украина.

Ние го разбираме тоа како дрзок акт на агресија. Минатата ноќ регуларните единици на вооружените сили на Руската Федерација го зазедоа украинскиот град Новоазовск и низа други населени точки на Украина.

Повеќе од 10.000 мирни жители на тие градови фактички се најдоа како заложници на руските окупатори. Врз граѓаните на Украина се врши психолошки притисок, се слушаат закани за физичко насилство.

Со своите  бесрамни дејства пред самитите на ЕУ и на НАТО, Русија покажува непочитување на меѓународното право, фрла предизвик на сиот демократски свет, го уништува современиот светски поредок.

Како резултат од воведувањето на регуларните единици на руската армија во Украина, се создаде нова ситуација. Реално тоа значи нов чекор во реализирањето на стратегијата на Кремљ – војна без прогласување на војна, разнишување на Украина, игра на слабостите на Западот.

Очигледно е дека обидите да се реши проблемот преку убедување на Кремљ, помножено со санкциите не дадоа резултат. Агресорот напредува – неводејќи сметка за економските и за политичките губитоци. Тој разбира дека санкциите се привремена мерка, а победените зони на влијание – тоа е долгорочен фактор. Соодветно на тоа, агресорот игра долга игра, разбирајќи ја менталната слабост на Западот и тешката економска ситуација на Украина.

Пресметката е – минимумот е создавање на светскиот статус кво, а како максимум – разнишување на светската економија и на финансискиот систем. Со своите дејства Русија го вовлекува целиот свет во војна.

Украина – тоа е веќе де-факто поле на војната меѓу Западот и Истокот, која Западот се обидува да ја избегне, а Русија ја посакува. Русија смета на тоа дека ЕУ и НАТО одново нема да реагираат, дека ќе се ограничат со искажување на загриженост во одговор на воената инвазија.

И, за жал, не без основа. Од моментот на почетокот на воената агресија на Русија, во февруари, Советот на ЕУ донесе 11 заклучоци за Украина, а Европскиот Парламент донесе 4 резолуции, повикувајќи ја Руската Федерација да го почитува територијалниот интегритет на Украина. Зарем тоа не е доволно за да се разбере дека зборовите ништо не значат за Кремљ.

Русија сака да му ја покаже на сиот свет неспособноста на светските сили да реагираат на нивните дејства, да го прогласи неуспехот на плановите на Западот да изгради ефективен систем на безбедност. Европа стои не пред тактички, туку пред фундаментален, стратешки избор. Европа стои на прагот на голема војна. Војните на Балканот и во Чеченија можат да се покажат како детска играчка.  Се работи за воена атомска сила која ги игнорира светските играчи и меѓународното право.

Украина и Европската Унија треба да ја запрат ова војна. Доволно е отстапки и попуштање на агресорот. Солидарноста треба да биде апсолутна и несомнена. Ако Западот и Европа сакаат да ги избегнат понатамошните компликации – тие треба да дејствуваат веднаш. Украина ќе ги преземе сите средства за реализирање на своето неотуѓиво право на самоодбрана, согласно членот 51 од Статутот на ООН. Ја повикуваме меѓународната демократска заедница, пред се НАТО, ЕУ, стратешките партнери на Украина – да и дадат на нашата држава ефективна помош за отпор на руската агресија.  

електронското изданије на весникот "Mkd.mk", Јуриј Гончарук, амбасадор на Украина во Република Македонија

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux