• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Русија го користи Евровизија како полигон за хибридна војна против Украина
07 април 2017 15:22

Русија го користи Евровизија како

полигон за хибридна војна против Украина

Како правило, повеќето земји-учеснички во Евровизија одржуваат транспарентен национален избор и ги испраќаат своите најдобри претставници на оваа престижна културна манифестација. Во случајот на Русија се се ограничи на задкулисни игри со назначување на пеачка со ограничени можности, која во 2015 година го посетуваше со концерт окупираниот украински Крим без соодветни за тоа дозволи од украинската страна, со што, секако, го прекрши нашето законодавство.

Со него не се предвидени никакви исклучоци за прекршителите, затоа ние консеквентно го применивме сувереното право на забрана за влез на руската пејачка за учество на Евровизија.

Прекршувајќи го законодавството, треба да се биде подготвен и да се носи одговорност за тоа.

Изборот на Кремљ не е случаен, бидејќи главна задача беше создавање на незаштитен лик на кревка девојка со цел да се спроведе силен информативен напад против Украина со «антихумана» обоеност.

Украина како домаќин на Евровизијата беше ставена пред тежок избор. Од една страна, дозволувајќи и влез на руската пеачка-прекршителот на територијата на Украина, би бил направен опасен преседан. Од друга страна, логично забранувајќи и влез на Јулија Самојлова, Украина автоматски стана цел на Кремљ во неговата пропагандна офанзива.

Пресметувањето Русија го прави на задирање во емоционалните чувства на приврзаниците на натпреварот, одвлекувајќи ја во втор план потребата од почитувањето на правилата.

Украина никогаш не го откажа на Русија учеството во натпреварот, претензиите се однесуваа конкретно на одреденото лице. Покрај тоа, се предлагаше промена на официјалниот претставник, којшто го нема прекршено украинското законодавство. Сепак, Русија од познати на сите причини не се подготвува да се сложи со нашиот предлог.

Европската радиодифузна унија отиде на чекор без преседан во сета историја од своето постоење – и предложи на Русија да земе учество во натпреварот од далечина, по пат на сателитско емитување на настапот, сепак и таквата варијанта не најде поддршка од Москва.

Унијата се наjде во заложништво на Русиjа бидеjќи е изложена на натпросечен притисок до страна на Москва во оваа ситуациjа. Со оглед на тоа дека Европа за нас е патоказ по прашањето на придржувањето кон принципот на владеењето на правото, напорот на Униjата со помош на уцена да jа принуди Украина да направи отстапки на агресорот кршеjќи го домашното законодавство, изгледа наjмала рака чудно.

,

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux