На средбата со новоименуваниот амбасадор на Украина во Република Македонија, г-ѓа Наталија Задорожњук, претседателот Иванов изрази задоволство од пријателските односи што постојат меѓу двете земји, како и од заедничката желба за поинтензивно унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Македонскиот претседател истакна дека од особено значење е интензивирањето на билатералниот политички дијалог, како и унапредувањето на парламентарниот дијалог преку организирање на средби на високо ниво. Амбасадорот на Украина, г-ѓа Задорожњук, истакна дека односите меѓу двете држави се темелат врз доверба, меѓусебно разбирање и поддршка и изрази уверување дека тие ќе продолжат да се унапредуваат со заеднички заложби, посветеност и ангажман.
Претседателот Иванов на новоименуваниот Амбасадор jа честита за функцијата и ја посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност.