



На 20 декември 2017 година во Амбасадата на Украина се одржаа настани, посветени на 100-годишнината на украинската дипломатија, каде претставниците на дипломатскиот кор на Македонија, претставниците на македонската влада и украинското здружение имаа можност да се запознаат со историјата и придобивките на украинската дипломатска служба. Исто така, беше отворена изложба посветена на надворешнополитичкта служба на Украина.