Стапи во сила Законот на Украина „За внесување на измени кон Законот на Украина за правниот статус на Украинците во странство”, од 9 февруари 2012 год., којшто беше разработен од Министерството за надворешни работи , имајќи ги во предвид Препораките од пратеничките слушања на тема: „Украинството во странство: сегашната состојба и перспективите на соработката”.
Соодветно новините, Украинецот од странство ги користи во Украина истите права и слободи што и граѓаните на Украина, меѓу другото, лицето коешто добило таков статус има право на работа без добивање на додатни дозволи.
За Украинците од странство годишно ќе се одредуваат квоти за стапување во домашните високообразовни установи во рамките на државните квоти.