Министер за надворешни работи на Украина П.Климкин за време на средбата со Претседателот на Собранието на Македонија Т. Џафери разгледа насоките за понатамошно продлабочување на меѓупарламентарната соработка меѓу Врховната Рада на Украина и Собранието на Република Македонија.
Шефот на МНР на Украина ја истакна важноста од интензивирање на контактите на ниво на раководството на парламентите на двете земји и продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог.
Беше позитивно истакната практиката на соработката меѓу парламентите на двете земји на ниво на групи за меѓупарламентарни врски . Во тој контекст П. Климкин ја нагласи подготвеноста да ја прими групата за пријателство на парламентот на Македонија со Украина.
Посебно внимание за време на средбата се даде на продлабочувањето на билатералната соработка во рамките на меѓународните органзиации, посебно на ПАРЕ, ПА ОБСЕ и други.