Министерство за надворешни работи на Украина го поздравува потпишувањето на историскиот Договор меѓу Република Македонија иРепублика Грција за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.
Оваа важна одлука отвора нова ера во македонско-грчките односи.
Потпишувањето на овој важен докемент ќе приодонесе за зајакнување на безбедноста, создавање на клима на меѓусебна доверба и партнерство не само во Балканскиот регион, туку и на европскиот континент воопшто.
Договорот е пример за подготвеност на раководството на Македонија и Грција да ги решаваат важните прашања на цивилизиран начин, признавајќи ги европските вредности и приоди.
Јакнењето на грчко-македонските односи е важно за Украина, земајќи ги предвид традиционално пријателските односи на нашата држава со Македонија и Грција, а исто така нашите заеднички приоритети - европската и евроатланската интеграција.