Амбасадорот на Украина во Република Македонија Ј.Гончарук имаше средба со Претседателот на РМ Ѓ.Иванов
За време на средбата беше разгледано широко коло на прашања од билатералната украинско-македонска соработка, меѓу другото активизирање на политичкиот дијалог, трговско-економската соработка, културната и научната соработка. Особено внимание му беше дадено на прашањето за можностите на понатамошното олеснување на режимот за заемните патувања на граѓаните.