• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Изјава на Амбасадата на Украина во Република Македонија
06 март 2014 14:08

        Криејќи се под лицемерната загриженост за внатрешнополитичката ситуација и правата на милионите Руси коишто живеат во Украина, всушност Руската Федерација се обидува да ги оправда своите агресивни дејствија што се насочени на разделување на Украина и воспоставување на стратешка контрола над неа, спречување на реализирањето на курсот кон европската интеграција, поттикнување на меѓунационалната омраза, подбуцнување на сепаратизам.

         Тоа е, исто така, обид да се избегне сопствената голема одговорност за поддршката на беззаконието, корупцијата, другите незаконски дејствија на некогашната украинска власт, кои станаа катализатор на познатите настани, што доведоа до бегство на некогашниот Претседател Јанукович на руски терени.

            Политиката на Руската Федерација кон Украина се заканува на севкупниот систем на меѓународното право, европската и светската безбедност.

            Украинскиот народ самиот ќе се справи со своите проблеми без лажни пријатели, кои се кријат зад светите зборови за многувековните односи на братство и духовно единство, а всушност сакаат да ги искористат нашите времени тешкотии за уништување на независноста на Украина.

            «Упаси нас Господи от таких друзей, а с врагами мы и сами разберемся».   

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux