На 24 август 2023 година, во град Скопје, по повод Денот на Независноста на Украина, заедно со украинската заедница, претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија (вклучително Албанија, Бугарија, Велика Британија, Шпанија, Холандија, Германија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, САД, Турција, Унгарија, Франција, Чешка, Црна Гора, Швајцарија, Шведска, како и делегацијата на ЕУ во Скопје), Општина Центар на Град Скопје и македонските пријатели, во атмосфера на единство, се одржа симболичен марш од споменикот на Тарас Шевченко до „Алејата на Украина“, кои се наоѓаат во срцето на Скопје.
Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, им се обрати на учесниците на настанот, истакнувајќи дека: „Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет, територијален интегритет, како и универзалните човечки вредности.
Безбедноста зазема посебно место меѓу универзалните човечки вредности.
рф уништи дел од европскиот безбедносен простор, меѓународното право, грубо ги прекрши и духот и нормите на хуманитарното право.
Тоталитарниот режим на рф ги пропагира идеите за насилство и смрт.
Епицентарот на дуелот е во Украина, но руското зло им се заканува и на другите европски држави.
Навистина сакам правилното разбирање на историјата, разбирањето на универзалните човечки вредности - безбедност, слобода, достоинство - да се прошири низ целиот свет и да стане предност за оние кои се само на пат да ја поддржат Украина. Посилни сме заедно, Независноста на Украина ќе се зајакнува, бидејќи вредноста за нас е самиот човек.
Ние ќе победиме затоа што имаме внатрешен отпор, сила на духот и силна поддршка од нашите партнери.
На сите ви посакувам сила, мир и просперитет, а на Украинците посебно им посакувам да ја дочекаат 33-тата (триесет и третата) годишнина од Независноста на нашата земја во услови на победа и мир.“
Исто така, на „Алејата на Украина“ Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, ја отвори изложбата „Деца на војната“ во рамки на Меѓународниот уметнички фестивал МАЛЮЙ.UA.WAR (Асоцијација за развој на меѓународни односи ADRUM). Учесниците на настанот имаа и можност да земат за спомен цртежи од украински деца, кои секоj ден страдаат од воената агресија на рф.
На овој ден, Амбасадата организираше и прикажување на украинскиот документарен филм „Од другата страна на светот“, во кој се собрани сведоштва на жители на Ирпињ, Буча, Бородјанка, Гостомељ, Михајливка-Рубеживка и други населени места од Кијивската област за воените злосторства извршени од руските агресори.