На 8 мај, Денот на сеќавање и помирување, Украина го почитува споменот на сите кои се бореле против нацизмот и на сите жртви на Втората светска војна.
Украинците на страната на антихитлеровската коалиција направиле значаен придонес во победата над нацизмот и сојузниците на Хитлерова Германија. Цената на овој придонес се исклучително високи загуби во текот на годините 1939-1945 година меѓу Украинците и другите народи кои живееле на територијата на Украина. Тогаш загинале повеќе од осум милиони луѓе. Затоа, добро ја знаеме цената на војната.
Втората светска војна стана возможна поради заговорот на нехуманите режими - нацистичкиот и советскиот. Наследник на вториот во денешно време е руската федерација.
Денес, руските власти практично го уништија системот на меѓународни односи воспоставен по Втората светска војна. Со својата вооружена агресија против Украина, таа ја покрена првата континентална војна во Европа во 21-виот век, поткопувајќи го системот на колективна глобална безбедност. Во ова, рф наликува на Хитлеровата Германија од 1930-тите години во пресрет на глобалниот конфликт.
Денот на сеќавање и помирување не го симболизира триумфот на победниците над победените, туку предупредувањето - диктаторите секогаш се обидуваат да ги задоволат своите империјалистички амбиции со помош на вооружени средства, ултиматуми, агресија, анексија.
Денес, како и во годините на Втората светска војна, Украина е во војна со агресорот. Меѓутоа, сега путинова русија зборува за „одлучувачки придонес на русите во победата над нацизмот“. Денес, токму рф, која ги апсорбира сите злосторни практики на нацизмот и комунизмот, посегнува по нашиот територијален интегритет и го уништи мирот во Европа.
Нашата борба трае секој ден од 2014 година и ние сигурно ќе победиме, бидејќи ја браниме нашата родна земја, го браниме нашето право слободно да ја избираме сопствената иднина. За нас ова е војна за слобода, цивилизација, демократија и европски вредности против империјалните амбиции на подмолен агресиве сосед-злосторник. Силата на нашите Вооружени Сили е гаранција за постоењето на државата и зачувувањето на човековите права.