• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ заедно со дипломатите од Амбасадата во близина на споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје одржаа заедничка акција #StandWithUkraine.
16 фебруари 2022 10:20

Здружението на Украинците  „Лесја Украинка“ заедно со дипломатите од Амбасадата во близина на споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје одржаа заедничка акција #StandWithUkraine


Главна цел на акцијата беше да се демонстрираат сплотеноста и единството на Украинците ширум светот, правото на Украина да ја избере сопствената иднина.

Претседателот на Здружението Alexandr  Urbanovitch: „Украина е во првите редови во одбраната на демократијата и слободата. Повикуваме на обединет фронт кој ќе се залага за заштита на заедничките европски вредности и ќе остане решен да му се спротивстави на агресорот. Дури и кога се наоѓаме во странство, Украина останува во нашите срца и ние сме заедно со нашата Татковина!“

Здружението „Лесја Украинка“ исто така испрати отворено писмо со апел до Владата на Република Северна Македонија со барање да и даде максимална поддршка на Украина во оваа праведна борба. „Имајќи предвид дека Руската Федерација одамна презема чекори за уништување на евроатлантската безбедносна архитектура со брутално кршење на основните норми на меѓународното право, замолуваме да се преземат сите можни мерки за да се покаже единството на Северна Македонија со украинскиот народ и да се поддржи правото на избор на секоја нација да ја одбере сопствената иднина и да одлучува за сопствената судбина.“ - се вели во обраќањето на Здружението „Лесја Украинка“. 



Му благодариме на Здружението за поддршката и јасниот патриотски став! Сè ќе биде добро Украина!


Ви нудиме да ги погледнете фото и видео материјалите од акцијата:



Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux