• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Инаугуративниот состанок на Интерпартиската парламентарна група на Собранието на Република Северна Македонија за поддршка на Меѓународната Кримска платформа
07 октомври 2024 11:32

На 07.10.2024 година Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, учествуваше на инаугуративниот состанок на Интерпартиската парламентарна група на Собранието на Република Северна Македонија за поддршка на Меѓународната Кримска платформа, што го одржа Претседателот на македонскиот парламент, Африм Гаши, како претседател на групата.
Лариса Дир: „Вашата работа - учеството во функционирањето на Кримската платформа, во поддршката на резолуциите за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во рамки на Парламентарните Собранија на Советот на Европа, НАТО, ОБСЕ - е вистинска помош во поддршката на Украина да му се спротивстави на рускиот агресор и да ја обнови безбедносната архитектура во Европа.“.
Претседателот на Собранието А. Гаши: „Денешнава седница и формирањето на оваа Група  го приклучува Собранието кон гласноговорниците против руската агресија и испраќа моќна порака дека човековите слободи и права, владеењето на правото, меѓународно признатите граници и територијалниот интегритет мора да се почитувани и заштитени.“.
На состанокот учествуваа претставници од сите фракции на Собранието, кои во моментов се членки на Групата. Сите присутни ја изразија својата едногласна поддршка на Украина во спротивставувањето на вооружената агресија на русија и ја потврдија својата подготвеност да работат на сите можни нивоа и платформи за обновување на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux