• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Коментар на МНР на Украина во врска со усвојувањето на резолуцијата на Советот на ООН за човекови права „Состојбата со човековите права во Украина како последица на руската агресија“
31 март 2026 15:41

Министерството за надворешни работи на Украина го поздравува усвојувањето од страна на Советот на ООН за човекови права на резолуцијата иницирана од Украина „Состојбата со човековите права во Украина како последица на руската агресија“.

Усвоениот документ го продолжува за една година мандатот на Независната меѓународна комисија на ООН за истражување во врска со Украина, обезбедувајќи понатамошно независно документирање на прекршувањата на меѓународното право за човекови права, меѓународното хуманитарно право и меѓународните злосторства извршени во контекст на руската агресија против Украина.

Советот на ООН за човекови права уште еднаш ја потврди својата цврста поддршка за суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина, како и ја осуди агресивната војна на Руската Федерација како грубо прекршување на Повелбата на ООН.

Документот ги осудува тековните напади на Руската Федерација врз цивилни лица и цивилна инфраструктура на Украина, кои доведуваат до бројни жртви, масовни разурнувања и лишување на милиони луѓе од пристап до животно неопходни услуги.

Резолуцијата бара прекин на тортурата, насилните исчезнувања, незаконското задржување на цивилни лица, егзекуциите на воени заробеници, како и сексуалното и родово заснованото насилство. Резолуцијата се потпира на заклучоците на Комисијата, кои потврдуваат дека насилните исчезнувања и тортурата, извршени од Русија во рамките на координирана државна политика, претставуваат злосторства против човештвото.

Посебно внимание документот посветува на незаконските прогонувања на украинските цивилни лица и воени заробеници од страна на судовите на Руската Федерација и окупациските структури. Документот ги осудува грубите прекршувања на правото на правично судење, вклучително фабрикување на докази и користење тортура за добивање признанија.

Еден од главните сигнали на резолуцијата е посветен на заштитата на украинските деца. Советот нагласи дека депортацијата и присилното преместување на украинските деца се спроведуваат системски и согласно однапред планирана државна политика на Русија и претставуваат не само воени злосторства, туку и злосторства против човештвото.

Посебен акцент документот става на прашањата на одговорност. Советот на ООН за човекови права ја нагласува важноста од собирање, зачувување и анализа на доказите за обезбедување правда, а исто така ги повикува државите да го применуваат принципот на универзална јурисдикција за истражување и гонење на воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени во контекст на руската агресија против Украина.

Резолуцијата исто така ја потврдува важноста од понатамошен развој на меѓународните механизми за повикување на одговорност, вклучително создавање на Специјален трибунал за злосторството (кривично дело) агресија против Украина како клучен елемент за обезбедување целосна одговорност за ова злосторство и ги повикува државите на соработка со релевантните меѓународни институции.

Документот ја истакнува активноста на Регистарот на штети предизвикани од агресијата на Руската Федерација против Украина, како и понатамошните напори за создавање на Меѓународна комисија за разгледување на барањата за Украина.

Резолуцијата содржи јасни барања до Руската Федерација веднаш да ја прекине агресијата, да ги повлече трупите од целата територија на Украина, да ја прекине депортацијата и присилното преместување на цивилни лица, да ја укине практиката на присилна паспортизација, да ја прекине тортурата, насилните исчезнувања и незаконските прогонувања, како и да обезбеди непречен пристап на меѓународните механизми до засегнатите лица, воените заробеници и незаконски задржаните цивили.

Министерството за надворешни работи на Украина изразува благодарност до државите-членки на Советот на ООН за човекови права кои ја поддржаа оваа резолуција. Нејзиното усвојување претставува важен политички и правен сигнал на меѓународната заедница за неприфатливоста на неказнивоста за најтешките меѓународни злосторства.

Украина ја повикува меѓународната заедница да ги засили заедничките напори за обезбедување целосна одговорност на Руската Федерација и на сите виновни лица, обновување на правдата за жртвите и постигнување сеопфатен, праведен и одржлив мир врз основа на Повелбата на ООН и меѓународното право.


Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux