• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Коментар на МНР во врска со незаконските и ништовни „избори“ за Државната дума на РФ
21 септември 2026 12:09

Од 18 до 20 септември Русија одржа на привремено окупираните територии на Украина таканаречени „избори“ за Државната дума на Руската Федерација.

Го повторуваме нашиот став: оваа фарса нема ништо заедничко ниту со демократските избори, ниту со изразувањето на волјата на луѓето. Одржувањето на „изборите“ на привремено окупираните територии е незаконско, а нивните резултати се ништовни. Ова е прекршување на националното законодавство на Украина и меѓународното право, кое го лишува од преостанатата легитимност целиот процес на парламентарните избори во Русија во целина, како и составот на рускиот парламент.

Го привлекуваме вниманието на меѓународната заедница на плановите на режимот во Москва да ги искористи резултатите од овие „избори“ за легитимирање на натамошната агресија и продолжување на војната и теророт.

Нагласуваме дека ниту едно „гласање“ под закана од оружјето на окупаторите не го менува меѓународно признатиот статус на привремено окупираната територија на Украина. Привремено окупираните Автономната Република Крим и градот Севастопол, делови од Донецката, Луганската, Запоришката и Херсонската области, беа, се и ќе останат нераскинлив дел од Украина.

Ја повикуваме меѓународната заедница, сите држави и меѓународни организации кои го почитуваат меѓународното право и Повелбата на ООН, да не ги признаваат руските „избори“ за Државната дума како такви што се одржале со почитување на демократските стандарди, да го осудат нивното одржување на привремено окупираните територии на Украина и на други држави, да го зајакнат притисокот врз државата-агресор.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux