• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Конференцијата „Украина: Две години херојство“ во Музејот на македонската ослободителна борба
27 фебруари 2024 17:10

На 26 февруари, Амбасадата на Украина (со помош на НВО „CIVIL“) ја одржа Конференцијата „Украина: Две години херојство“ во Музејот на македонската ослободителна борба.
Со свои говори се обратија Амбасадорката на Украина Лариса Дир (говорот на македонски јазик: http://surl.li/qzfoh ), Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Првиот вицепремиер Бојан Маричич, Вицепремиерката Славица Грковска, Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пратеничката на Собранието (парламентот) Арта Биљали-Зендели, заменикот на Народниот правобранител Јован Андоновски, а со видео обраќање се обратија Премиерот Татал Џафери и лидерот на македонската политичка партија СДСМ Димитар Ковачевски.
Исто така, за време на Конференцијата се обратија со свој говор и шефовите на дипломатските мисии во Република Северна Македонија: ЕУ, САД, Велика Британија, Албанија, Полска, Литванија, Германија, Чешка, Франција, Шведска и Јапонија. Сите говори беа насочени кон поддршка на Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Говорниците ја осудија агресијата на рф против Украина.
Учесниците на настанот имаа можност да се запознаат со уникатната изложба Ukraine: War in VR «Living The War», VR експозиција која со помош на VR очила дава можност за транспортирање во Украина и да се видат разорните последици од руската агресија против Украина.
На присутните им беше понудена и фото изложбата на проектот „Разгледници од Украина“ на Украинскиот институт за уништеното културно наследство на украинскиот народ, во која се забележани последиците од ударите на руски ракети, бомбардирањето со руски авиони на цркви, училишта, спортски терени, библиотеки, болници (изложбата ќе биде во Музејот на македонската ослободителна борба до 2 март 2024 година).
Покрај тоа, учесниците на Конференцијата имаа можност да купат детски играчки и изработки од мониста направени од украински занаетчии. Парите добиени од продажбата ќе бидат префрлени на сметката на Фондацијата Олена Зеленска за реконструкција на детската болница во г.Изјум.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux