На 9 јуни 2023 година, во Музејот на македонската борба за самостојност (Скопје), Амбасадата на Украина во Северна Македонија одржа настан посветен на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина (детска смртност), Денот на сеќавање на децата кои загинаа како резултат на вооружена агресија на руската федерација против Украина и присилна депортација на украински деца на територијата на рф.
Изборот на местото на настанот не е случаен - борбата за Независност и Слобода не се само
зборови, тоа е националниот код на народот кој го избира своето право на постоење и државност.
На настанот зедоа учество пратеници од македонскиот парламент, украински и македонски научници, заменик народниот правобранител на Република Северна Македонија, водечки новинари, претставници на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија , на дипломатскиот кор и на украинската заедница.
Настанот свечено го отвори членка на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, ученичка од 5-то одделение Људмила Логацка, интонирајќи ја Државнта химна на Украина на виолина.
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, меѓу другото истакна дека геноцидот кој го врши рф, всушност, е продолжение на геноцидот од 1932-1933 година во Украина, кога комунистичкиот режим на СССР го испланира злосторството и истреби милиони Украинци со глад.
„Без информации за Гладоморот-геноцид од 1932-1933 година, невозможно е да се разбере генезата на агресијата од големи размери на рф против Украина, која се одвива пред нашите очи.
рф продолжува да врши злосторство геноцид на територијата на Украина. Комунистичкиот режим во тоа време го криеше ова злосторство на Гладоморот, користејќи репресија, убиства и тортура. Однесувањето на модерниот режим на кремљ има ист карактер. Исто како и тогаш, злосторниците од кремљ се обидуваат да ја наметнат својата волја на Украина“, нагласи Лариса Дир.
Амбсадорката исто така истакна дека во моментов за Украина е важно да добие како помош со оружје и средства за противвоздушна одбрана, така и поддршка од страна на државите кои ги признаваат дејствијата на рф извршени на територијата на Украина како геноцид, а исто така го признаваат Гладоморот од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ.
Треба да се напомене дека исто како и на 26 ноември 2022 година, кога Собранието (Парламентот) на Северна Македонија зеде активно учество во организирањето на изложбата „Украина се сеќава, светот признава“, која беше отворена речиси еден месец во македонскиот парламент, така и сега на наведениот настан учествуваа и претставници на Парламентот. Конкретно, Моника Зајкова, пратеничка во Собранието, во својот говор истакна дека сега во Украина геноцидот продолжува бидејќи претходниот не бил казнет. „Масовната глад во Советска Украина, или “Гладоморот” уште нарекуван и “украински геноцид” или “украински холокауст”, се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја, со жртви проценети на неколку милиони“, забележа пратеничката М. Зајкова.
За време на настанот со зборови на поддршка и истакнување на важноста од дискусија на темата за смртноста кај децата исто така се обратија: Деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, Р.Дуев, академикот и професор на Кијивскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“, доктор по историски науки, професор В.Сергијчук, заменик Народниот правобранител на Северна Македонија, Ј.Андоновски, доктор по историски науки О.Стасјук, Директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Д.Николова, македонската воена дописничка Кристина Атовска, која помина 3 месеци во Украина, во зоната на воени дејствија и го создаде филмот „Siren Lullabies“, на која за време на настанот ѝ беше врачен орден на Министерството за одбрана на Украина „За помош на Вооружените Сили на Украина“.
Претседателот на „ЦИВИЛ“, организација за човекови права и слободи, Џабир Дерала, кој својата книга „Украина: година на херојство“ ја посвети на херојскиот отпор на Украинците, истакна дека македонскиот парламент треба да го признае Гладоморот од 1932-1933 година во Украина и злосторствата што ги врши денес рф против Украина како геноцид на украинскиот народ.
Изложбата посветена на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина „Украина се сеќава, светот признава“ ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност до 16 јуни 2023 година.