Амбасадорката на Украина Лариса Дир одржа средба со членовите на управниот одбор на водечката електроенергетска компанија на Северна Македонија „АД ЕСМ“ предводена од генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.
Л.Дир ги информираше соговорниците за вонредната состојба во енергетскиот сектор на Украина. Пред сè, Амбасадоркат го обрати вниманието на тековните терористички напади на руската армија врз цивилното население и критичната инфраструктура на Украина, како резултат на кои милиони Украинци може да останат без пристап до снабдување со електрична енергија, топлина и вода во пресрет на зимата.
На обраќањето на украинската страна, раководството на македонската компанија вети дека ќе вложи максимални напори за обезбедување на итна помош и поддршка на енергетскиот сектор на Украина со потребната опрема.
Ви благодариме многу!