За време на средбата, Л. Дир го информираше Љ. Николовски за: актуелната безбедносна состојба во Украина во услови на руската агресивна војна, која трае веќе 7 месеци; ослободување на одделни привремено окупирани територии од страна на Вооружените Сили на Украина; продолжување на нелегалниот извоз на украинско жито од привремено окупираните територии од страна на руската федерација; злосторното обраќање на претседателот на државата агресор од 21 септември оваа година во врска со најавата за делумна мобилизација во рф и одржувањето на нелегални референдуми од страна на рф на привремено окупираните територии на Украина.
Министерот Љупчо Николовски од своја страна ја потврди недвосмислената поддршка на Северна Македонија за Украина на сите нивоа во спротивставувањето на вооружената агресија на русија, а исто така ја потврди посветеноста на Северна Македонија да се приклучи на сите пакети санкции на ЕУ против рф.
Исто така, постигнат е договор и за потпишување на измени на Договорот за слободна трговија со кои ќе се овозможи зголемување на меѓусебната трговска размена.